Извршен совет на Собранието на Македонија од 1971

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Извршниот совет на Народното Собрание на СР Македонија од 1971 е формиран на 29 декември 1971 година. Ја врши својата функција до 8 мај 1974 година, кога е избран нов состав на Извршниот совет.

Состав на Извршниот совет[уреди | уреди извор]

Составот на Извршниот совет е следниот:[1]

  • претседател Ксенте Богоев
  • потпретседатели: Драган Захариевски и Мети Крлиу
  • членови:
    • Методија Стефановски, републички секретар за народна одбрана
    • Љупчо Арнаудовски, републички секретар за внатрешни работи
    • Димче Козаров, републички секретар за правосудство
    • Горѓи Цаца, републички секретар за законодавство и организација
    • Љупчо Копровски, републички секретар за образование и наука
    • Десанка Миљовска, републички секретар за култура
    • Мехмет Фахри — Каја, републички секретар за информации
    • Вулнет Старова, републички секретар за здравство и социјална политика
    • Ванчо Близнаковски, републички секретар за труд
    • Андон Макрадули, републички секретар за финансии
    • Стојан Маткалиев, републички секретар за индустрија и трговија
    • Јанко Лазаревски, републички секретар за земјоделство и шумарство
    • Александар Шумковски, републички секретар за економски односи со странство
    • Павле Тасевски, директор на Републичкиот завод за општествено планирање
    • Јездимир Богдански
    • Иван Гиновски
    • Ѓорѓи Оровчанов

Реконструкции на Владата[уреди | уреди извор]

  • Откако Љупчо Арнаудовски во јули 1973 година поднесе оставка на функцијата член на Извршниот совет и за републички секретар за внатрешни работи,[2] на 12 јули 1973 година за вршител на должноста републички секретар за внатрешни работи е именуван Јездимир Богдански.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Службен весник на Социјалистичка Република Македонија 42/1971, 4-5 стр.
  2. „Млад борец“, 29.12.1989, 20 стр.
  3. Службен весник на Социјалистичка Република Македонија 29/73, 55 стр.