Извршен совет на Собранието на Македонија од 1974

Од Википедија — слободната енциклопедија

Извршниот совет на Народното Собрание на СР Македонија од 1974 е формиран на 8 мај 1974 година. Ја врши својата функција до 28 април 1978 година, кога е избран нов состав на Извршниот совет.

Состав на Извршниот совет[уреди | уреди извор]

Составот на Извршниот совет е следниот:[1]

  • претседател Благој Попов
  • членови:
    • Методија Стефановски, републички секретар за народна одбрана
    • Мирко Буневски, републички секретар за внатрешни работи
    • Горѓи Цаца, републички секретар за правосудство
    • Владимир Митков, републички секретар за законодавство и организација
    • Љупчо Копровски, републички секретар за образование и наука
    • Живко Василевски, републички секретар за култура
    • Радуле Костовски, републички секретар за информации
    • Јездимир Богдански, републички секретар за здравство и социјална политика
    • Душко Ѓорѓиев, републички секретар за труд
    • Ристо Филиповски, републички секретар за финансии
    • Александар Донев, републички секретар за индустрија и трговија
    • Јанко Лазаревски, републички секретар за земјоделство и шумарство
    • Асан Керим, републички секретар за економски односи со странство
    • Александар Варналиев, републички секретар за сообраќај и врски
    • Томислав Папеш, републички секретар за урбанизам, станбени и комунални прашања
    • Павле Тасевски, директор на Републичкиот завод за општествено планирање
    • Трајче Грујоски
    • Вера Димитрова
    • Андон Макрадули
    • Стојан Маткалиев
    • Ружа Панова
    • Сејфедин Сулејмани
    • Вулнет Старова
    • Васил Туџаров
    • Милан Хорват

Реконструкции на Извршниот совет[уреди | уреди извор]

На 15 јули 1975 година Андон Макрадули е разрешен од функцијата член на Извршниот совет поради заминување на друга функција,[2] а на 30 септември 1975 година генерал-мајорот Миле Арнаутовски е избран за член на Извршниот совет и републички секретар за народна одбрана на местото на генерал-мајорот Методија Стефановски.[3]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Службен весник на Социјалистичка Република Македонија 22/1974, 4-5 стр.
  2. Службен весник на Социјалистичка Република Македонија 27/1975, 6 стр.
  3. Службен весник на Социјалистичка Република Македонија 35/1975, 1-2 стр.