Извршен совет на Собранието на Македонија од 1986

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Извршниот совет на Народното Собрание на СР Македонија од 1986 е последниот извршен совет на Социјалистичка Република Македонија. Формиран е на 28 април 1986 година. По воведувањето на политичкиот плурализам и првите повеќепартиски избори, на 20 март 1991 година на местото на овој Извршен совет е избрана првата посткомунистичка влада во Република Македонија.

Состав на Извршниот совет[уреди | уреди извор]

Составот на Извршниот совет е следниот:[1]

  • претседател Глигорие Гоговски
  • членови:
    • Зоран Костовски, републички секретар за народна одбрана
    • Алексадар Андоновски, републички секретар за внатрешни работи
    • Михајло Маневски, републички секретар за правосудство и управа
    • Методија Тошевски, републички секретар за финансии
    • Иван Митровски, републички секретар за општо-стопански работи и пазар
    • Томислав Бундалевски, претседател на Републички комитет за енергетика, индустрија и малостопанство
    • Богдан Тодоровски, претседател на Републичкиот комитет за земјоделство, шумарство и водостопанство
    • Срѓан Керим, претседател на Републичкиот комитет за економски односи со странство
    • Томе Малевски, претседател на Републичкиот комитет за сообраќај и врски
    • Андреј Токарев, претседател на Републичкиот комитет за градежништво, урбанизам и заштита на човековата околина
    • Тито Беличанец, претседател на Републичкиот комитет за труд
    • Милован Шиковски, претседател на Републичкиот комитет за здравство и социјална политика
    • Саво Климовски, претседател на Републичкиот комитет за образование и физичка култура
    • Радмила Кипријанова, претседател на Републичкиот комитет за наука, технолошки развој и информатика
    • Борислав Наумовски, претседател на Републичкиот комитет за култура
    • Милчо Балевски, претседател на Републичкиот комитет за меѓународни односи
    • Мирко Миронски, претседател на Републичкиот комитет за информации
    • Вера Терзиева-Тројачанец, претседател на Републичкиот комитет за законодавство и организација
    • Најденко Поповски, директор на Републичкиот завод за општествено планирање
    • Васил Влашки
    • Владо Камбовски
    • Илија Филиповски
    • Икмет Крифца
    • Вангел Арнаудов.

Реконструкции на Извршниот совет[уреди | уреди извор]

На 27 април 1989 година на местото на Срѓан Керим и Владо Камбовски во Извршниот совет се избрани Борис Рикаловски и Јанко Обочки.[2]

На 28 септември 1990 година на местото на генерал-мајор Зоран Костовски за секретар за народна одбрана е избран полковник Ристо Дамјановски.[3]

Следниот месец, на 26 октомври 1990 година Борис Рикаловски е разрешен од функцијата секретар за односи со странство.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Службен весник на Социјалистичка Република Македонија 18/1986, 2 стр.
  2. Службен весник на Социјалистичка Република Македонија 18/1989, 11 стр.
  3. Службен весник на Социјалистичка Република Македонија, 31/1990, 24 стр.
  4. Службен весник на Социјалистичка Република Македонија, 36/1990, 21 стр.