Врба (2019)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Врба“
РежисерМилчо Манчевски
ПродуцентЈане Ќортошев
Ник Пауел
НастапуваатНикола Ристески
Сара Климоска
Наталија Теодосиева
Ненад Нацев
Камка Тоциновски
МузикаКирил Џајковски
СтудиоБанана филм
ДржаваМакедонија
Јазик

Врба - македонско-унгарско-белгиски филм од 2019 година во режија на Милчо Манчевски, кој е автор и на сценариото. Филмот е снимен во продукција на „Банана филм“, продуцент на филмот е Јане Ќортошев, извршен продуцент е Ник Пауел, директор на фотографијата е Тамаш Добош, дизајнер на продукцијата е Дејвид Манс, костимите се дело на Жаклина Крстевска и Ѓерѓи Сакач, асистент на режијата е Никола Ивановиќ, а директорка на кастингот е Милка Анчевска. Главните улоги ги играат: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев, Камка Тоциновски, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Ратка Радмановиќ, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова итн.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумец Улога
Сара Климоска Донка
Никола Ристески Милан
Наталија Теодосиева Родна
Ненад Нацев Бранко
Камка Тоциновски Катерина
Петар Мирчевски Ставре
Благоја Чоревски Манчо
Ратка Радмановиќ Баба Сребра
Лазе Манасковски Аврам
Катина Иванова
Кире Ѓоревски Никола
Адем Карага Ука
Јелена Јованова Мелина
Ана Костовска Весна

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во филмот се раскажува за три млади мајки. Едната приказна се случува во средниот век, а другите две се современи при што трите приказни се надополнуваат. Главната тема во филмот е лојалноста и односот на поединецот кон општеството, како и односот на општеството кон поединецот.[1]

За филмот[уреди | уреди извор]

Снимањето на филмот почнало на 25 октомври 2018 година во мариовските села Штавица, Дуње и Зович, а потоа снимањето продолжило во околината на манастирот Трескавец и во Преспа, а завршило во втората половина на декември во Скопје. Премиерата на „Врба“ била одржана на 19 октомври 2019 година на четиринаесеттото издание на Филмскиот фестивал во Рим, како прв македонски филм кој влегол во официјалната селекција на овој фестивал.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Новиот филм на Манчевски премиерно ќе биде прикажан во Рим“, Слободен печат, година VII, број 1783, стр. 16.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]