14 декември 1974(1974-12-14) (возр. 85) Њујорк, САД
Занимање
новинар, писател
Волтер Липман (23 септември1889 - 14 декември1974), е американски новинар и писател, со голем авторитет за надворешно-политички прашања. До 1966 година бил уредник и воведничар на весникот „Њујорк хералд трибјун“. Двапати бил добитник на Пулицеровата награда.
Оставил длабоки траги во модерната политичка историја на САД. Липман не ја создаваше политиката на САД, ниту беше одговорен за неа, но со своите толкувања, поддршки и негирања, значително влијаеше врз насоката во која одеше Америка.