Прејди на содржината

Филипо Марија Висконти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Филипо Марија Висконти
Филипо Марија Висконти
Роден(а)23 септември 1392(1392-09-23)
Милано
Починал(а)13 август 1447(1447-08-13) (возр. 54)
Милано
Благородно семејствоДинастија Висконти
Сопружник(ци)Беатриса Ласкарис ди Тенда
Марија Савојска
ТаткоЏан Галеацо Висконти
МајкаКатерина Висконти

Филипо Марија Висконти (роден на 23 септември 1392 - починал на 13 август 1447) бил третиот војвода на Милано како син на Џан Галеацо Висконти и Катерина Висконти[1].

Филипо Марија Висконти, кој станал владетел на Павија во 1402 година, го наследил својот убиен брат Џан Марија Висконти како војвода од Милано во 1412 година. Тој се оженил со Беатриса Ласкарис ди Тенда, вдовицата на Фачино Кане, еден од најголемите соперници во војводството. Тој ја обвинил за прељуба и наредил да биде убиена во 1418 година.

По смртта на Џорџо Орделафи, владетел на Форли, тој го искористил ова и се наметнал за иден владетел предизвукувајќи војна со Фиренца. Во конфликтот се вмешала и Венецијанската Република која застанала на страната на Фиренца (1425). Венеција го освоил градот Бреша, а Висконти бил принуден да го прифати мировнуиот договор предложен од страна на папа Мартин V.

Тој се оженил со Марија Савојска. Починал во 1447 година и бил последниот војвода од династија Висконти по машка линија. По неговата смрт била создадена Амброзиска република на чело со Франческо Сфорца кој се оженил со Бјанка Марија Висконти, неговата ќерка.

  1. Vogt-Luerssen, Maike; Luerssen, Holger (29 November 2008). „Giangaleazzo Visconti“. Maike's History of Women and the History of Everyday Life. Blackwood, Australia. Архивирано од изворникот на 2013-08-23. Посетено на 6 November 2010.