Џан Марија Висконти
Џан Марија Висконти | |
---|---|
Војвода на Милано | |
Роден(а) | 7 септември 1388 Милано |
Починал(а) | 16 мај 1412 Милано |
Благородно семејство | Династија Висконти |
Сопружник(ци) | Антонија Малатеста, |
Татко | Џан Галеацо Висконти |
Мајка | Катерина Висконти |
Џан Марија Висконти (роден на 7 септември 1388 - починал на 16 мај 1412) бил вториот војвода на Милано како син на Џан Галеацо Висконти и Катерина Висконти[1].
Тој застанал на чело на Миланското војводство кога имал тринаесет години, па поради тоа што бил малолетен како регент управувала неговата мајка. Меѓутоа војводството набргу било воведено во граѓанска војна во која како победник излегол кондотиерот Фачино Кане. Џан Марија околу конфликтот ја обвинил својата мајка Катерина која била затворена во Монца каде починала на 17 октомври 1404, веројатно убиена[2].
Во 1408 година стапил во брак со Антонија Малатеста, ќерка на господарот на Римини, Карло Малатеста[1][2][3]. Од бракот не се родиле деца.[4].
Џан Марија бил убиен во заговор во 1412 година пред Миланската катедрала. Го наследил неговиот брат Филипо Марија Висконти.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Vogt-Luerssen, Maike; Luerssen, Holger (29 November 2008). „Giangaleazzo Visconti“. Maike's History of Women and the History of Everyday Life. Blackwood, Australia. Архивирано од изворникот на 2013-08-23. Посетено на 6 November 2010.
- ↑ 2,0 2,1 Adams, John (1794). A defence of the constitutions of government of the United States of America, against the attack of M. Turgot in his letter to Dr. Price, dated the twenty-second day of March, 1778. London: John Stockdale. стр. 153–155. OCLC 2678599. Посетено на 6 November 2010.
... the duke John Maria grew every day more cruel: he imprisoned his own mother, Catharine Visconre, in the castle of Monza, and caused her to be there strangled. ... John Maria Visconte, duke of Milan, while he was at mass, was murdered by Trivulcio, Guerrino, and Baruchino, and other conspirators of several conspicuous families, ...
- ↑ Tonini, Luigi (1884). Rimini (италијански). Volume 5. Rimini: Orfanelli e Grandi. стр. 22. OCLC 35300205. Посетено на 22 February 2010.
- ↑ Rossi, Antonio Domenico (1830). Ristretto di storia patria ad uso de'Piacentini (италијански). Maino. стр. 245. OCLC 163149045. Посетено на 22 February 2010.
|