Пелистерска битка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пелистерска битка
Дел од Илинденското востание
Спомен-плоча на Пелистерската битка подигната во 1968 година
Спомен-плочата на Пелистерската битка
Датум 22 септември 1903
Место Палиснопје, Баба Планина
41°4′45″N 21°12′16″E / 41.07917° СГШ; 21.20444° ИГД / 41.07917; 21.20444

Пелистерска битка – последна битка од Илинденското востание која се одиграла на 22 септември 1903 година, во која загинале 48 од 92-те востаници, на Баба Планина над селото Цапари во месноста денес позната како Палиснопје.[1]

Борба[уреди | уреди извор]

Војводата Ацко Трајков од село Базерник, Демирхисарско, заедно со војводата Лефко Магаревчето од потпелистерското село Магарево, со уште стотина комити од Демирхисарско и Битолско, по неуспешното Илинденско востание требало да го му го предадат оружјето на ѓаконот Евстатиј кој бил задолжен за прибирање, складирање и обезбедување. Меѓутоа биле предадени и опколени од турски аскер. Со цел да избегнат запалување на селото Цапари, како што претходно се случило во селата Ѓавато и Смилево, војводата Ацко Трајков наредил повлекување кон Пелистер и така опколени, со големи загуби успеале да го пробијат обрачот кон високите делови од Пелистер.[1]

Споменик[уреди | уреди извор]

Во спомен на оваа битка, во непосредна близина на Ротинска Река, на патот кон врвот Пелистер во 1968 година подигнато е скромно спомен-обележје.

Наводи[уреди | уреди извор]