Преработка на песна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Во популарната музика, преработка на песна претставува нова верзија на претходно објавена песна, но овојпат од друг изведувач.

Историја[уреди | уреди извор]

Изразот „преработка“ првобитно се употребувал за да означи соперничка верзија на некоја песна која оригинално била објавена пред кратко време. На пример, во 1949 година била обработена познатат песна „The Hucklebuck“ на саксофонистот Пол Вилијамс, а во 1952 година се појавила обработка на песната „Jambalaya“ на Хенк Вилијамс.[1] Овие две песни доживеале неколку преработки кои доживеале голема популарност. Притоа, до средината на 20 век, оригиналните верзии на песните често биле преработувани од други музичари, зашто тоа претставувало едне начин за зголемување на нивната популарност.

Видови преработки[уреди | уреди извор]

Најраспространетата форма на преработка на песна е кога оригиналната песна подоцна ја изведува некој друг изведувач, без значителни промени во мелодијата или ритамот. Друга форма на преработка е кога оригиналната песна е изведена во различен аранжман: на пример, песната „The Model“ на германската електронска група Крафтверк оригинално е отсвирена со електронски инструменти (синтисајзери);[2] во 1987 година се појавила нејзината преработка од американската група Big Black како рок-песна, отсвирена со електрични гитари;[3] додека во 1992 година се појавила нејзината камерна верзија, во изведба на британскиот гудачки квартет, Balanescu Quartet.[4]

Посебен вид преработка е кога музиката од оригиналната песна се задржува иста или со мали измени, а оригиналниот текст се преведува на друг јазик или пак во новата верзија песната има сосема поинаков текст. Таков е случајот со преработката на песната „Прекрасен живот“ (Wonderful Life) на британскиот музичар Black која во преработената верзија на македонската рок-група Архангел има поинаков текст, напишан од Ристо Вртев.[5] Друг таков пример е песната „The last train to Clarksville“ на британската рок-група Манкис (The Monkees) од 1966 година,[6] која во 1987 година била преработена од српската рок-група Рибља чорба со насловот „Задњи воз за Чачак“ за која текстот го напишал Бора Ѓорѓевиќ.[7]

Во продолжение, во определени случаи, некоја песна првично е снимена од друг изведувач, а дури подоцна, нејзинот автор снимил сопствена верзија. На пример, песната „China Girl“ на Дејвид Боуви најпрвин ја снимил Иги Поп во 1977 година,[8] а дури подоцна, во 1983 година, Боуви ја вклучил на неговиот албум „Let's Dance“.[9]

Во некои случаи, преработената верзија значително или целосно се разликува од оригиналната песна така што е тешко да се препознае дека станува збор за истата песна. Таков е примерот со песната „Black Steel In The Hour Of Chaos“ (1988) на американската хип-хоп група Паблик енеми (Public Enemy)[10] која во 1995 година била преработена од британскиот музичар Трики (Tricky) со изменетиот наслов „Black Steel“.[11] Слично, песната „In the Deathcar“ од албумот со музиката од филмот „Arizona Dream“ од 1993 година (компонирана од Горан Бреговиќ, а во изведба на Иги Поп)[12] оригинално се наоѓа на албумот на југословенската рок-група Бијело дугме, „Плукни и запеј моја Југославијо“ од 1986 година, но со насловот „Ајде на планина“ (Hajdemo u planine)[13]

Најпосле, постојат цели музички албуми кои се состојат од преработки на туѓи песни. Таков се музичките албуми „Through The Looking Glass“ на британската рок-група Siouxsie & The Banshees од 1987 година[14] и „NATO“ на словенечката група Laibach од 1994 година.[15] Сличен пример претставува музичкиот албум „Possessed“ на Balanescu Quartet од 1992 година на кој, од вкупно девет песни, дури седум се преработки.[16]

Познати обработки на песни[уреди | уреди извор]

Неофицијално, како најмногу обработувана песна во популарната музика се смета „Вчера“ (англиски: Yesterday) на Пол Макартни, оригинално изведена од Битлси.

Список на преработки на познати песни
Наслов на песната Оригинален изведувач Преработена од
Blue Suede Shoes Carl Perkins (1955) Elvis Presley (1956)
Dizzy Miss Lizzy Larry Williams (1958) The Beatles (1965)
Let's Dance Chris Montez (1962) Ramones (1976), Mud (1982), Slade (1985)
Wherever I Lay My Hat (That's My Home) Marvin Gaye (1962) Paul Young (1983)
Don't Let Me Be Misunderstood Nina Simone (1964) The Animals (1965), Elvis Costello (1986)
Gloria Them (1964) Patti Smith (1975)
Mr. Tambourine Man Bob Dylan (1965) The Byrds (1965)
I Got You Babe Sonny and Cher (1965) Etta James (1968), UB 40 (1985)
Femme Fatale Velvet Underground (1966) Big Star (1978)
Pain It Black Rolling Stones (1966) Flamin' Groovies (1978)
With a Little Help from My Friends The Beatles (1967) Joe Cocker (1968), Wet Wet Wet (1988)
All Along the Watchtower Bob Dylan (1967) The Jimi Hendrix Experience (1968), U2 (1988)
Mrs. Robinson Simon & Garfunkel (1968) Frank Sinatra (1969), Lemonheads (1992)
Across the Universe The Beatles (1969) David Bowie (1975), Laibach (1988)
1969 The Stooges (1969) The Sisters of Mercy (1984)
Venus Shocking Blue (1969) Bananarama (1986)
In the Ghetto Elvis Presley (1969) The Cranberries (2001)
Gimmie Shelter The Rolling Stones (1969) The Sisters of Mercy (1984)
The Man Who Sold the World David Bowie (1970) Lulu (1974), Nirvana (1993)
I Feel the Earth Move Carole King (1971) Martika (1989), Nirvana (1993)
Killing Me Softly with His Song Roberta Flack (1971) Fugees (1996)
Mercy, Mercy Me Marvin Gaye (1972) Robert Palmer (1990), The Strokes (2006)
Always on My Mind Gwen McCrae (1972) Brenda Lee (1972), Elvis Presley (1972), Willie Nelson (1982), Pet Shop Boys (1987)
Čudna šuma Yu Grupa (1973) Disciplina kičme (1986)
I Will Always Love You Dolly Parton (1974) Whitney Houston (1992)
Don't Leave Me This Way Harold Melvin & the Blue Notes (1975) Thelma Houston (1976), The Communards (1986), Sheena Easton (2000)
Walk This Way Aerosmith (1975) Run-D.M.C. (1986)
How Deep Is Your Love Bee Gees (1977) Take That (1996)
Das Model (The Model) Kraftwerk (1978) Big Black (1987), Rammstein (1997)
Heaven Talking Heads (1979) Simply Red (1985)
Only You Yazoo (1982) The Flying Pickets (1984), Joshua Radin (2006)
Halloween Sonic Youth (1985) Mudhoney (1988)
Nothing Compares 2 U The Family (1985) Sinéad O'Connor (1990)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Archived copy“. Архивирано од изворникот на 2008-11-21. Посетено на 2009-02-14.CS1-одржување: архивиран примерок како наслов (link)
  2. YouTube, Kraftwerk - The Model (пристапено на 17.11.2021)
  3. YouTube, The Model (пристапено на 17.11.2021)
  4. YouTube, Model (пристапено на 17.11.2021)
  5. Архангел, Архангел 2. Litium Records 002, 2000.
  6. YouTube, The Monkees - Last Train To Clarksville 1966 (пристапено на 17.11.2021)
  7. YouTube, Riblja Čorba Zadnji voz za Čačak 1987 PGP RTB (пристапено на 17.11.2021)
  8. YouTube, Iggy Pop - China Girl (пристапено на 17.11.2021)
  9. YouTube, David Bowie - China Girl (Official Video) (пристапено на 17.11.2021)
  10. Discogs, Public Enemy ‎– It Takes A Nation Of Millions To Hold Us Back (пристапено на 17.11.2021)
  11. Discogs, Tricky – Maxinquaye (пристапено на 17.11.2021)
  12. Discogs, Goran Bregović ‎– Arizona Dream (Original Motion Picture Soundtrack) (пристапено на 17.11.2021)
  13. Discogs, Bijelo Dugme ‎– Pljuni I Zapjevaj Moja Jugoslavijo (пристапено на 17.11.2021)
  14. Discogs, Siouxsie & The Banshees ‎– Through The Looking Glass (пристапено на 17.11.2021)
  15. Discogs, Laibach – NATO (пристапено на 17.11.2021)
  16. Discogs, The Balanescu Quartet ‎– Possessed (пристапено на 17.11.2021)