Награди Греми

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Награда Греми
56-ти Греми награди
200px
Наградата го добила името поради самата статуетка: мал, позлатен грамофон.
Се доделува за Исклучителни достигнувања во музичката индустрија
Земја САД
Доделува Националната академија на уметностите и запис на звукот
Прво доделување 1959
Портал grammy.com
Телевизиски пренос
Канал NBC (1959–1970)
ABC (1971–1972)
CBS (1973–денес)

Греми награда (првично наречена Грамофонска награда) – или Греми — признание од Националната академија за запис на звукот и умтностите на Соединетите Американски Држави со цел да се признаат изворедните достигнувања во музичката индустрија. Годишната церемонија се одликува со настапи на познати изведувачи, а некои од наградите кој се од голем интерес се презентирани во телевизиска церемонија која има голема гледаност. Овие награди се еквивалентни на наградата „Еми“ за телевизија, наградата „Тони“ за сценски изведби и наградите „Оскар“ за филмови.

Првата церемонија на „Греми“ се одржала на 4 мај 1959 година, а беила одржана во чест на музичките достигнувања од страна на изведувачите во 1958 година.

57. издание на наградите „Греми“[уреди | уреди извор]

Во февруари 2015 година, во центарот „Стејплс“ во Лос Ангелес било одржано 57. издание на наградите „Греми“. Севкупен победник на церемонијата бил британскиот пејач Сем Смит, кој освоил четири награди, меѓу кои и: песна на годината, за хитот „Остани со мене (Stay With Me)“; за најдобар дебитант; и за поп-албум на годината (In the Lonely Hour). Музичарот Бек ја добил наградата за албум на годината, за неговото оставрување „Morning Phase“, а Бијонсе и Фарел Вилијамс освоиле по три награди.

Инаку, на церемонијата прво настапила групата „АЦ ДЦ (AC DC)“ со хитот „Highway to Hell“, а потоа настапиле и раперот „Ел Ел Кул Џеј (LL Kool J)“, Фарел, Сиа и Мадона, а Ријана им се придружила на Канје Вест и Пол Макартни и заедно ја исполниле песната „Four Five Seconds“. Исто така, настапиле и повеќе дуети, како: Џеси Џеј и Том Џонс, Ени Ленокс и Хозиер, Лејди Гага и Тони Бенет, како и Гвен Стефани и Адам Левин. Вечерта завршила со настапите на Бијонсе, придружувана од госпел-хор и на Џон Леџенд и Комон, кои заедно ја испеале песната „Glory“ од филмот „Селма“.[1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. „Во знакот на длабоките деколтеа и триумфот на Сем Смит“, Дневник, година XIX, број 5688, вторник, 10 февруари 2015, стр. 21.