Ерих Марија Ремарк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ерих Марија Ремарк
Ерих Марија Ремарк (1929)
Роден/а22 јуни 1898(1898-06-22)
Оснабрик, Германија
Починат/а25 септември 1970(1970-09-25) (возр. 72)
Локарно, Швајцарија
Занимањероманописец
НационалностГерманец
Значајни делаНа запад ништо ново

Ерих Марија Ремарк (Erich Maria Remarque) (22 јуни 1898 - 25 септември 1970), германски писател, голем противник на војната и на нацизмот.

Во 1932 година од Германија емигрира во Швајцарија, а потоа во САД. Се прославил уште со својот прв роман „На запад ништо ново“, во кој прикажал еден период од Првата светска војна. Други негови дела се „Тројцата воени другари“, „Триумфална порта“ и „Искра на живот“.