На Запад ништо ново

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од На запад ништо ново)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
На Запад ништо ново  
Remarque Im Westen nichts Neues 1929.jpg
Корица од првата едиција
АвторЕрих Марија Ремарк
Наслов на
оригиналот
Im Westen nichts Neues
ЗемјаГерманија
Јазикгермански
Жанр(ови)Воена новела
ИздавачPropyläen Verlag
МедиумPrint (Hardback)
Страници288

На Запад ништо ново е роман од Ерих Марија Ремарк, германски ветеран од Првата светска војна. Романот ја опишува војната во рововите и одделноста на војниците од нивните стари животи после враќањето од војната. Објавен под името Im Westen nichts Neues во Германија во јануари 1929 [1], за кратко време, романот постигнува огромен успех. Приказната го следи животот на раскажувачот Пол Баумер, деветнаесетгодишно момче кое доброволно се приклучува во војната, како и животот на неговите пријатели од фронтот Алберт Кроп, Џаден, Мулер, Хаје и Кацински (Кат).

На Запад ништо ново се смета за еден од најдобрите воени роман на сите времиња, а Ерих Марија Ремарк со него го заклучува своето место во литературниот пантеон како мајстор на контрастот меѓу хоророт на војната и спокојната природа.