Перец Маркиш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Перец Маркиш (еврејски: פּרץ מאַרקיש; руски: Перец Давидович Маркиш; (7 декември 1895 - 12 август 1952) е советски писател со еврејско потекло кој пишувал на еврејски.[1][2] Неговите далечни претци водат потекло од Шпанија. Како дете посетувал хедер и пеел во хорот на локалната синагога. Служи како војник во армијата на Царска Русија во текот на Прва светска војна. Во неговите рани дваесетти, заедно со Лајб Квитко и други, станува член на Киевската група на еврејски поети. Автор е на многу песни, драми и неколку романи. Неговата поезија на руски ја препева Ана Ахматова, како и низа други видни поети. Живее во Берлин, Париз, Лондон, Варшава и Рим пред да се врати во Русија.

Перец Маркиш, во средината

Во 1946 година ја добива Сталиновата награда. Иронично, токму по наредба на Сталин, Маркиш, заедно со уште дванаесет други еврејски поети е погубен на Ноќта на убиените поети.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Перец МаркишЕнциклопедија Британика (англиски)
  2. Leftwich, Joseph (1974). An anthology of modern Yiddish literature. Walter de Gruyter. стр. 332.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]