Буг
| Буг | |
| полски: Bug украински: Західний Буг белоруски: Захо́дні Буг | |
| Река | |
Реката Буг во близина на Вишкув, Полска | |
| Земји | Полска, Белорусија, Украина |
|---|---|
| Војводство | Подласко, Мазовско, Лублинско, Брест, Лавовска |
| Извор | |
| - место | близу Верхобуж, Лавовска област, Украина |
| - височина | 310 м |
| - координати | 49°52′0.5736″N 25°5′48.609″E / 49.866826000°N 25.09683583°E |
| Утока | |
| - местоположба | Нарев близу Сероцк, Полска |
| - височина | 75 м |
| - координати | 52°30′29.286″N 21°5′2.688″E / 52.50813500°N 21.08408000°E |
| Должина | 772 км |
| Слив | 39.420 км2 |
| Истек | во Сероцк |
| - просечен | 1 м3/с |
| Истек на др. места (просечен) | |
| - Вишкув | 158 м3/с |
Буг или Западен Буг (полски: Bug; украински: Західний Буг; белоруски: Захо́дні Буг; руски: Западный Буг) е лева притока на реката Нарев, која извира од средишна Украина на запад, минувајќи долж украинско-полската и полско-белоруската граница, а потоа продолжува низ Полска, каде се влева во реката Нарев, близу Сероцк. Понекогаш, делот помеѓу устието на Буг со Нарев и до влевањето во Висла е нарекуван Буго-Нарев. Реката Висла се влева во Балтичкото Море.
Буг е долг 830 километри[1] (587 км во Полска) и е 4. најдолга река во Полска. Сливното подрачје на реката е 39.420 км2 (19.284 км2 во Полска). Поврзана е со реката Днепар преку каналот Днепар-Буг.
Традиционално, реката Буг често била сметана како етнографска граница помеѓу православните и католичките верници. На реката се наоѓала и линијата помеѓу германските и руските сили во текот на Инвазијата на Полска во Втората светска војна.
Поврзано
[уреди | уреди извор]| „Буг“ на Ризницата ? |
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Буг во Географскиот речник на Кралството Полска (1880) (полски)
- Буг - Топонимски опслужувач GEOnet (англиски)
|
