Ицик Фефер

Од Википедија — слободната енциклопедија


Ицик Фефер ( 1900 - 12 август 1952), (еврејски: איציק פֿעפֿער, руски: Ицик Фефер, Исаàк Соломòнович Фèфер) е советски еврејски поет и жртва на Сталинистичките чистки.

Ицик Фефер е роден во Шпола, град во Ѕвенигород, покраина на Киевската губернија, Царска Русија.

Тој е многу плоден писател и речиси исклучиво пишува на еврејски, а неговите песни паралелно се препеваат на руски и украински. Се смета за еден од најголемите советски еврејски писатели, а неговите песни особено се ценат надвор од границите на Советскиот Сојуз. Една од нив е и неговото ремек-дело, епската поема Di Shotns fun Varshever Geto ("Сенките на Варшавското гето"). Напишана е во чест на 750 Евреи кои се побунуваат против нацистичката окупација и ликвидацијата на гетото, поради што и херојски ги даваат своите животи.

Во текот на Втората светска војна тој е воен известувач со чин на полковник и заменик претседавач со Еврејскиот Антифашистички Комитет (ЕАК).

Ицик Фефер (лево) и Соломон Микелс (десно) во друштво на Алберт Ајнштајн.

Во 1948 година, по ликвидацијата на секретарот на ЕАК Соломон Микелс, Фефер, заедно со низа други членови на комитетот, е уапсен и обвинет за предавство. Фефер е доставувач на информации за НКВД (претходникот на КГБ) уште од 1943 година. Според гласини, Фефер соработувал со полицијата, давајќи лажни информации што на крај ќе доведат до апсење на стотина невини лица, но сепак, на судењето, тој јасно ја искажува сопствената гордост поради еврејскиот идентитет. Во 1952 година, Фефер, заедно со уште неколку обвинети, е осуден на тајно судење и е погубен на Ноќта на убиените поети, на 12 август 1952 година.

Посмртно е рехабилитиран три години подоцна.

Збирки поезија[уреди | уреди извор]

  • Schpener, 1922
  • Wegen sich und asoine wi ich (За мене и другите како мене), 1924
  • A stein zu a schtein (Камен до камен), 1925
  • Proste teid (Едноставни зборови), 1925
  • Gefundene funken (Пронајдени искри), 1928
  • Geweten (Натпревар), 1930
  • Plakaten of bronze (Плакати од бронза), 1932
  • Kraft (Сила), 1937

Надворешни врски[уреди | уреди извор]