Самоопределување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Правото на народите за самоопределување е императивен правен принцип во современото меѓународно право (кое се сметa за правилото и нормата од типот jus cogens[1])

Концептот за првпат бил развиен развиен уште пред времето на Француска Буржоаска револуција, односно во 1860-те, и потоа се проширил брзо.[2][3] За време и по Првата светска војна принципот бил поттикнат од страна на Владимир Ленин и американскиот претседател Вудро Вилсон.[2][3] Откако ги објавил своите Четиринаесет точки на 8 јануари 1918 година, на 11 февруари 1918 година, Вилсон изјавил: „Националните аспирации мора да се почитуваат; луѓето сега можат да бидат доминирани и управувани само со нивна согласност. 'Самоопределувањето' не е само ништожна фраза, туку императивен принцип на дејствување и императивна правна норма.“[4]

Принципот на самоопределување е правно содржан во ставот 2. од членот 1.[5] и членот 55. [6] на Повелбата на Организацијата на Обединетите Нации. Покрај во Повелбата на ООН истиот принцип како највисоката задолжителна правна норма е содржан и во двата основнои Пакта на ОН за човековите права [7] [8]. Во Пактот за граѓански и политички права во членот 1. во ставот 1. се вели: „Сите народи имаат право на самоопределување. Врз основа на ова право, секој народ слободно го одредува своето политичко уредување и слободно го остарува својот економски, социјален и културен развој." [9] Истата формилација наогаме и во Пактот за економски, социјални и културни права, во членот 1, став 1. Од ова формилација забешежуваме дека правото на самоопределување како највисока jus cogens норма се однесува и на народите и на државите, кои се суверени мегународно-правни субјекти [10]

Литература[уреди | уреди извор]

  • F. Przetacznik, The Basic Collective Human Right to Self Determination of Peoples and Nations as a Prerequisite for Peace, NYLS Journal of Human Rights, Vol. 8. Iss. 1. 1990. [1]
  • Mexico City Declaration on Cultural Policies, UNESCO(1982) [2]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • УНИВЕРЗАЛНА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПРАВАТА НА ЧОВЕКОТ, ООН, 1948. [3]
  • Declaration of Principles of International Cultural Co-operation, UNESCO(1966)[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Овие норми се највисоки ("перемторни")правни норми и сите други позитивни или пишани (диспозитивни) правила и норми им се подредени и во случај на судир ништовни. Jus cogens норми потекнуваат од основните обичајните норми кои имаат императивен каратер, како што е пр. правната еднаквост или пр. во меѓународно право нормата суверена еднаквост, принцип кодифициран во членот 2. од Повелбата на ООН.
  2. 2,0 2,1 Jörg Fisch (9 December 2015). A History of the Self-Determination of Peoples: The Domestication of an Illusion. Cambridge University Press. стр. 118. ISBN 978-1-107-03796-0.
  3. 3,0 3,1 http://etheses.lse.ac.uk/923/1/Knudsen_Moments_of_Self-determination.pdf
  4. „President Wilson's Address to Congress, Analyzing German and Austrian Peace Utterances (Delivered to Congress in Joint Session on February 11, 1918)“. gwpda.org. February 11, 1918. Посетено на September 5, 2014.
  5. UN Charter, Article 1. https://www.un.org/en/sections/un-charter/chapter-i/index.html
  6. UN Charter, Article 55. https://www.un.org/en/sections/un-charter/chapter-ix/index.html
  7. International Covenant on Civil and Political Rights, Article 1. https://www.ohchr.org/Documents/Professionalinterest/ccpr.pdf
  8. International Covenant on Economic, Social and Cultural Rights, Article 1. https://www.ohchr.org/en/professionalinterest/pages/cescr.aspx
  9. Види чл. 1: "All peoples have the right of self-determination. By virtue of that right they freely determine their political status and freely pursue their economic, social and cultural development"
  10. Види пр. И. Јанев, Теорија за држава и право, Čigoja-Štampa. Белград. 2020