Фундаментализам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Фундаментализмот обично има верска конотација и се однесува на непоколеблива поврзаност за сет на иредуцибилни верувања.[1] Сепак, денес зборот се користи за означување на тенденција кај одредени групи—претежно, иако не исклучиво, поврзани со религијата—која се карактеризира со значително строг литерализам во однос на одредени специфични Свети писма, догми или идеологии, и силно чувство за важноста на одржувањето на дистинкциите меѓу ингрупата и аутгрупата,[2][3][4][5] што доведува до акцент на чистотата и желбата за враќање во некој претходен идеал од кој поддржувачите сметаат дека членовите заскитале. Одбивањето на разновидност на мислење во однос на овие воспоставени "фундаменти" и нивното прифатено толкување во рамките на групата е често резултат на оваа тенденција.[6]

Во зависност од контекстот, зборот фундаментализам може да има пејоративна наместо неутрална карактеризација, слично како што и политичките перспективи "десничарска" или "левичарска" можат за некои да имаат негативни конотации.[7][8]

Религиски[уреди | уреди извор]

Христијански[уреди | уреди извор]

Христијанскиот фундаментализам според Џорџ Марсден е дефиниран од строгото придржување кон одредени теолошки доктрини, како реакција против модернистата теологија. Терминот првично беше воведен од страна на неговите поддржувачи за да се опише она што тие го сметале за петте специфични класични теолошки верувања на Христијанството, и кои се развиле при христијанското фундаменталистичко движење во протестантската заедница на САД во почетокот на 20-от век.Фундаментализмот како движење се појавило во САД, првично меѓу конзервативните презвитеријански теолози во Принстонските теолошки семинари во доцниот 19-ти век. Наскоро тој се проширил и меѓу баптиските конзервативци и другите деноминации. Движењето имало за цел да ги реафирмира клучните теолошки постулати и да ги одбрани од предизвиците на либералната теологија и поголемата критика.

Терминот "фундаментализам" има корени во Нијагарската библиска конференција (1878-1897), која ги дефинирала постулатите сметани за фундаментални за христијанската вера. Терминот беше префигуриран со Фундаментите, колекција на дванаесет книги објавени во 1910 година и финансирана од страна на браќата Милтон и Лиман Стјуарт, но тој бил воведен од Кертис Ли Лаус, уредник на Чуварот-Истражувач, кој предложил оние кои се борат за фундаментите на верата да се нарекуваат "фундаменталисти."[9] Фундаментите доведе до фундаменталистички–модернистичката контроверзија која се појавила доцна во 19-тиот век во некои протестантски деноминации во САД и продолжила низ 1920-тите. Првото формулирање на американските фундаменталистички верувања поттекнува од нијагарската библиска конференција и, во 1910 година, од Генералното собрание на пресвитеријанската црква, која ги дестилирала во она што стана познато како петте фундаменти:[10]

  • Библиска инспирација и инфалибилноста на Светото писмо како резултат на ова
  • Девственото раѓање на Исус
  • Верувањето дека Христовата смрт била покајание за гревовите
  • Телесното воскресение на Исус
  • Историска реалност на чудата на Исус

До крајот на 1910-тите, теолошките конзервативци кои се залагале за петте фундаменти станале познати како "фундаменталисти". Тие го отфрлаат постоењето на заедништво со теолошки поврзаните верски традиции, како што е групирањето на Христијанството, Исламот и Јудаизмот во едно абрахамско семејство на религии. Во контраст, евангелските групи, иако обично се согласуваат за теолошките "фундаменти" како што е искажано во Фундаментите, често учествуваат во настани со верските групи кои не се држат до основните доктрини.[11]

Будистички[уреди | уреди извор]

Будистичкиот фундаментализам има нападнато некои верски и етнички групи, како на пример тие во Мјанмар. Во Мјанмар имало повеќе тензии меѓу муслиманските малцинства и будистичкото мнозинство, особено во текот на бурмиските анти-муслимански немири во 2013, наводно поттикнати од ектремистички групи како што се движењето 969.[12]

Постојат историски и современи примери за будистичкиот фундаментализам во секој од трите главни гранки на Будизмот: Теравада, Махајана и Ваџрајана. Во Јапонија, еден познат пример е практиката на шакубуку кај некои членови на ничиренската секта—метод на проселитизирање кој вклучува строго осудување на други секти како дефицитарни или зли. Исто така, некои членови на Новата кадампска традиција и Западното шугденско општество се контроверзно и жестоко сектеријански, осудувајќи го еклектичкиот пристап на Далај-ламата.[13]

Хиндуистички[уреди | уреди извор]

Научниците идентификуваат неколку политички активни Хинду движења, како дел од "хиндуистичкото фундаменталистичко семејство."[14]

Исламски[уреди | уреди извор]

Екстремизмот во Исламот датира од 7-миот век, за време на Кариџитите. Од нивната суштински политичка позиција, тие развиле екстремистички учења, по кои се разликувале од сунитските и шиитските муслимани. Карарктеристично за Кариџитите било нивното усвојување на радикален пристап кон Такфирот, при што тие ги прогласиле другите муслимани за неверници, и поради тоа ги сметале нив за достојни за смртта.[15][16][17]

Религиозните конфликти меѓу сунитите и шиитите од 7-миот век создале отвор за радикалните идеолози, како Али Шариати (1933-77), да ја спојат социјалната револуција со исламски фундаментализам, за што најдобар пример претставува Иранската Револуција во 1979 година.[18] Исламскиот фундаментализам се има појавено во многу земји;[19] вехабистичката верзија е промовирана и финансирана од Саудиска Арабија, Катар и Пакистан.[20][21]

Иранската криза во 1979-80 означи голема пресвртница во користењето на терминот "фундаментализам". Медиумите, во обид да ја објаснат идеологијата на Ајатола Комејни и Иранската Револуција за западната публика ги опишале како "фундаменталистичка верзија на Исламот" по пат на аналогија со христијанското фундаменталистичко движење во САД. Така бил роден терминот исламски фундаменталист, кој бил во честа употреба во следните години.

Еврејски[уреди | уреди извор]

Еврејскиот фундаментализам се однесува на милитантниот верски Ционизам, и на ашкенаските и сефардиските верзии на харедијскиот Јудаизам.[22] Иан С. Лустик го окарактеризирал еврејскиот фундаментализам како "ултра-националистичка, есчатолошки-базирана, иредентистичка идеологија."[23]

Нерелигиски[уреди | уреди извор]

Зборот "фундаменталист" се користи пејоративно за филозофии кои имаат претензија дека се единствен извор на објективна вистина, без оглед на тоа дали тие се сметаат за религија. На пример, велшкиот архиепископ го критикувал "атеистичкиот фундаменализам" општо[24][25][26] и рекол: "Секој вид на фундаментализам, било библиски, атеистички или исламски, е опасен".[27] Тој исто така рече, "новиот фундаментализам во нашето време... води кон протерување и ексклузивност, екстремизам и поларизацијата, и кон тврдењето дека, бидејќи Бог е на наша страна, тој не е на ваша."[28]

Во Новата Инквизиција Роберт Антон Вилсон ги нарекува членовите на скептичните организации како што е Комитетот за научно истражување на тврдењата за паранормалност фундаменталистички материјалисти, наведувајќи дека тие догматично отфрлаат било каков доказ кој се коси со материјализмот како халуцинација или измама.[29]

Терминот "фундаментализам" понекогаш се применува за означување на контра-културна верност кон принцип или сет на принципи, како во пејоративниот термин "пазарен фундаментализам", што се користи за да се имплицира претерана верба во способноста на економските ставови и политики на laissez-faire или слободниот пазар да ги решат економските и социјалните проблеми. Според економистот Џон Кигин, стандардните карактеристики на "економска фундаменталистичка реторика" се "догматските" тврдења и тврдењето дека секој кој има спротивни ставови не е вистински економист. Пензионираниот професор на религиозни студии Родерик Хиндери наведува позитивни квалитети на политичкиот, економскиот или други форми на културен фундаментализам, вклучувајќи "виталност, ентузијазам, желба да се исполнат ветувањата со дејства и одбегнување на фацилен компромис", како и негативни аспекти, како што се психолошките ставови, повремено елитистички и песимистички перспективи, и во некои случаи, литерализам.[30]

Атеистички[уреди | уреди извор]

Во декември 2007 година, англиканскиот надбискуп Бери Морган го критикувал она што тој го нарекол "атеистички фундаментализам", тврдејќи дека истиот ја промовил идејата дека религијата нема супстанција и "дека верата нема никаква вредност и е суеверна глупост."[31]

Критики[уреди | уреди извор]

Социологот на религијата Текс Семпл тврди дека е погрешно да се зборува за муслимански, еврејски или христијански фундаменталист. Наместо тоа, фундаментализмот на фундаменталистот е неговата примарна грижа, над другите деноминационални или верски размислувања.[32]

Влијателни критики на фундаментализмот вклучуваат книгите на Џејмс Бар за христијанскиот фундаментализам и анализите на исламскиот фундаментализам на Басам Тиби.

Политичкото користење на терминот "фундаментализам" е исто така критикувано. Терминот се користи од страна на политичките групи при напаѓање на нивните противници, користејќи ја флексибилноста на терминот во зависност од нивните политички интереси.[33]

Студија на Универзитетот во Единбург открила дека во однос на шестте мерени димензии на религиозноста, "пониската интелигенција е најмногу поврзана со повисоко ниво на фундаментализам."[34]

Контроверзија[уреди | уреди извор]

Асошиетед Прес препорачува терминот да не се користи за група која не го користи поимот за себе. Многу научници имаат усвоено слична позиција.[35] Други научници, сепак, го користат терминот во поширока дескриптивна смисла за различни групи во различни верски традиции, вклучувајќи ги и оние групи кои би одбиле да се класифицираат како фундаменталисти.[36]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Nagata, Judith (јуни 2001 г). Beyond Theology: Toward an Anthropology of "Fundamentalism". „American Anthropologist“ том  103 (2): 481–498. doi:10.1525/aa.2001.103.2.481. 
  2. Altemeyer, B.; Hunsberger, B.. Authoritarianism, religious fundamentalism, quest, and prejudice. „International Journal for the Psychology of Religion“ том  2 (2): 113–133. doi:10.1207/s15327582ijpr0202_5. 
  3. Kunst, J., Thomsen, L., Sam, D. (2014). Late Abrahamic reunion? Religious fundamentalism negatively predicts dual Abrahamic group categorization among Muslims and Christians. European Journal of Social Psychology https://www.academia.edu/6436421/Late_Abrahamic_reunion_Religious_fundamentalism_negatively_predicts_dual_Abrahamic_group_categorization_among_Muslims_and_Christians
  4. Kunst, J. R.; Thomsen, L.. Prodigal sons: Dual Abrahamic categorization mediates the detrimental effects of religious fundamentalism on Christian-Muslim relations. „The International Journal for the Psychology of Religion“. doi:10.1080/10508619.2014.93796. 
  5. Hunsberger, B. Religion and prejudice: The role of religious fundamentalism, quest, and right-wing authoritarianism. „Journal of Social Issues“ том  51 (2): 113–129. doi:10.1111/j.1540-4560.1995.tb01326.x. 
  6. https://www.ntpu.edu.tw/social/upload/P_1020081127150648.pdf
  7. Harris, Harriet (2008). Fundamentalism and Evangelicals. Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-953253-2. OCLC 182663241. 
  8. Boer, Roland. (2005). „Fundamentalism“. New keywords: a revised vocabulary of culture and society: 134–137. Изд. Tony Bennett. Cambridge, Massachusetts: Blackwell Publishing(посет. 27 јули 2008 г)
  9. Curtis Lee Laws, "Convention Side Lights," The Watchman-Examiner, 8, no. 27 (1 July 1920), p 834.
  10. George M. Marsden, "Fundamentalism and American Culture", (1980) p. 117
  11. Carpenter, Revive us Again (1997) p 200
  12. KYAW ZWA MOE (30 март 2013). „Root Out the Source of Meikhtila Unrest“. архивирано од изворникот на 27 август 2013 г.. https://web.archive.org/web/20130827232539/http://www.irrawaddy.org/archives/30965. посет. 4 ноември 2013 г. 
  13. „New Kadampa Tradition - Kadampa Buddhism (NKT-IKBU) - Kadampa Meditation Center“. http://info-buddhism.com/new_kadampa_tradition.html. посет. 22 октомври 2017 г. 
  14. Brekke (1991). Fundamentalism: Prophecy and Protest in an Age of Globalization. Cambridge University Press. стр. 127. ISBN 9781139504294. https://books.google.com/books?id=JGooYIEd9h4C&pg=PA127. 
  15. „Another battle with Islam's 'true believers'“. The Globe and Mail. https://www.theglobeandmail.com/globe-debate/another-battle-with-islams-true-believers/article20802390/. 
  16. Mohamad Jebara More Mohamad Jebara. „Imam Mohamad Jebara: Fruits of the tree of extremism“. Ottawa Citizen. http://ottawacitizen.com/news/national/fruits-of-the-tree-of-extremism. 
  17. „Archived copy“. архивирано од изворникот на 2 август 2014 г.. https://web.archive.org/web/20140802045255/http://www.quilliamfoundation.org/wp/wp-content/uploads/publications/free/the-balance-of-islam-in-challenging-extremism.pdf. посет. 17 ноември 2015 г. 
  18. William E. Griffith, "The Revival of Islamic Fundamentalism: The Case of Iran", International Security, June 1979, Vol. 4 Issue 1, pp 132-138 in JSTOR
  19. Lawrence Davidson, Islamic Fundamentalism (Greenwood, 2003)
  20. Natana DeLong-Bas, Wahhabi Islam: From Revival and Reform to Global Jihad (Oxford University Press, 2008)
  21. Lindijer, Koert (24 август 2013). „How Islam from the north spreads once more into the Sahel“. http://theafricanists.info/how-islam-from-the-north-spreads-once-more-into-the-sahel/. посет. 24 ноември 2014 г. „Hundreds of years later, Islam again comes to the Sahel, this time with an unstoppable mission mentality and the way paved by money from Saudi Arabia, Qatar and Pakistan. Foreigners, and also Malians who received scholarships to study in Saudi Arabia, introduce this strict form of Islam, and condemn the sufi's [sic].“ 
  22. „fundamentalism - religious movement“. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/1191955/fundamentalism/252664/Jewish-fundamentalism-in-Israel#ref883280. посет. 22 октомври 2017 г. 
  23. Ian S. Lustik. „Israel's Dangerous Fundamentalists“. стр. 118–139. http://www.geocities.com/alabasters_archive/dangerous_fundamentalists.html. посет. 4 ноември 2013 г. „Foreign Policy Number 68 Fall 1987“ 
  24. Alister McGrath and Joanna Collicutt McGrath, The Dawkins Delusion? Atheist Fundamentalism and the Denial of the Divine, Society for Promoting Christian Knowledge (SPCK), February 15, 2007,
  25. Yr Eglwys yng Nghymru | The Church in Wales
  26. 'Atheistic fundamentalism' fears“, „BBC News“, 22 декември 2007.
  27. „Archbishop of Wales fears the rise of "Atheistic Fundamentalism"“. http://www.atheistnation.net/news/?atheist/article,00139. посет. 4 ноември 2013 г. 
  28. Atheistic fundamentalism" fears“, BBC News, 22 декември 2007.
  29. Pope Robert Anton Wilson, The New Inquisition: Irrational Rationalism and the Citadel of Science. 1986. 240 pages.
  30. Hindery, Roderick (2008). "Comparative Ethics, Ideologies, and Critical Thought"
  31. Toynbee, Polly. „Sorry to disappoint, but it's nonsense to suggest we want to ban Christmas“, „The Guardian“, 21 декември 2007 (посет. 3 мај 2010 г).
  32. Tex Sample. Public Lecture, Faith and Reason Conference, San Antonio, TX. 2006.
  33. Nagata, Judith. 2001. Toward an Anthropology of "Fundamentalism." Toronto: Blackwell Publishing, p.9.
  34. Gary J. Lewis, Stuart J. Ritchie, Timothy C. Bates (3 септември 2011). „The relationship between intelligence and multiple domains of religious belief: Evidence from a large adult US sample“. http://www.midus.wisc.edu/findings/pdfs/1197.pdf. CS1 maint: Multiple names: authors list (link)
  35. "Can anyone define 'fundamentalist'?", Terry Mattingly, Ventura County Star, May 12, 2011. Retrieved August 6, 2011.
  36. See, for example, Marty, M. and Appleby, R.S. eds. (1993). Fundamentalisms and the State: Remaking Polities, Economies, and Militance. John H. Garvey, Timur Kuran, and David C. Rapoport, associate editors, Vol 3, The Fundamentalism Project. University of Chicago Press.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Appleby, R. Scott, Gabriel Abraham Almond, and Emmanuel Sivan (2003). Strong Religion. Chicago: University of Chicago Press.
  • Armstrong, Karen (2001). The Battle for God: A History of Fundamentalism. New York: Ballantine Books.
  • Brasher, Brenda E. (2001). The Encyclopedia of Fundamentalism. New York: Routledge.
  • Caplan, Lionel. (1987). "Studies in Religious Fundamentalism". London: The MacMillan Press Ltd.
  • Dorff, Elliot N. and Rosett, Arthur, A Living Tree; The Roots and Growth of Jewish Law, SUNY Press, 1988.
  • Keating, Karl (1988). Catholicism and Fundamentalism. San Francisco: Ignatius.
  • Gorenberg, Gershom. (2000). The End of Days: Fundamentalism and the Struggle for the Temple Mount. New York: The Free Press.
  • Hindery, Roderick. 2001. Indoctrination and Self-deception or Free and Critical Thought? Mellen Press: aspects of fundamentalism, pp. 69–74.
  • Lawrence, Bruce B. Defenders of God: The Fundamentalist Revolt against the Modern Age. San Francisco: Harper & Row, 1989.
  • Marsden; George M. (1980). Fundamentalism and American Culture: The Shaping of Twentieth Century Evangelicalism, 1870-1925 Oxford University Press.
  • Marty, Martin E. and R. Scott Appleby (eds.). The Fundamentalism Project. Chicago: University of Chicago Press.
    • (1991). Volume 1: Fundamentalisms Observed.
    • (1993). Volume 2: Fundamentalisms and Society.
    • (1993). Volume 3: Fundamentalisms and the State.
    • (1994). Volume 4: Accounting for Fundamentalisms.
    • (1995). Volume 5: Fundamentalisms Comprehended.
  • Noll, Mark A. A History of Christianity in the United States and Canada. Grand Rapids: Eerdmans, 1992.
  • Ruthven, Malise (2005). "Fundamentalism: The Search for Meaning". Oxford: Oxford University Press.
  • Torrey, R.A. (ed.). (1909). The Fundamentals. Los Angeles: The Bible Institute of Los Angeles (B.I.O.L.A. now Biola University).
  • "Religious movements: fundamentalist." In Goldstein, Norm (Ed.) (2003). The Associated Press Stylebook and Briefing on Media Law 2003 (38th ed.), p. 218. New York: The Associated Press. .