Теравада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Теравада (пали: थेरवाद, theravāda (сп. санскрит: स्थविरवाद, sthaviravāda); буквално „учењето на старешините“ или „античкото учење“) е најстарата будистичка школа кое се одржува и постои до ден денес. Оваа школа понекогаш погрешно се нарекува и хинајана („малиот пат“), спротивно од махајана („големиот пат“).

Теравада е многу распространето учење и е доминантен облик на будизмот во Шри Ланка (околу 70%[1]) како и во поголемиот дел од југоисточна Азија (Лаос, Мјанмар, Тајланд и Камбоџа). Теравада исто така се практикува од страна на малцинствата во делови од југозападна Кина, Виетнам, Бангладеш, Малезија и Индонезија.

Основи[уреди | уреди извор]

Теравада е школа со конзервативно учење кое е најблиско до учењето на будата Сидхарта Гаутама. Долго време ова учење се изстоветувало со основното учење на будизмот.

Целта на монасите кои се носители на оваа традиција е постигнување на целосна слобода од сите закани и непријатности. Како и во махајана, така и теравада се карактеризира со примена на разционален пристап во упростувањето на ритуалите. Текстот на овој мир на будизмот е Палискиот канон, напишан на јазикот пали кој е еден од пракритите на дервна Индија.

Историја[уреди | уреди извор]

Се смета дека оваа традиција настанала за време на третиот будистички собир одржан околу 250 година п.н.е во Индија која тогаш била управувана од владетелот Ашока. Поради неговата активност, теравада станала позната дури и во јужна Европа и околу источниот Медитеран (Александрија, Антиохија, Атина). Неколку од едиктите на Ашока се напишани на старогрчки и аромејски.

Во подоцнежниот период, теравада се проширува на Шри Ланка и во југоисточна Азија каде и до ден денес е доминантен облик на учење на будизмот и донекаде во Сингапур и Австралија. Во 1891 година, Дармапала го основал Здружението „Маха Бодхи“ со цел да го започне повторното раѓање на будизмот во Индија.

Фестивали и традиции[уреди | уреди извор]

Религиозни празници во теравада:

  1. Магха-пуџа
  2. Весакха-пуџа
  3. Асалха-пуџа
  4. Упосата
  5. Васа (Престан на врнежите)

Галерија на слики[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Светски дневник: Шри Ланка“. ЦИА Светски дневник. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/ce.html. посет. 12 август 2006 г. .

Надворешни врски[уреди | уреди извор]