Еластичност (економија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Еластичноста — централен концепт во теоријата на понуда и побарувачка. Еластичност се однесува на тоа како реагираат понудата и побарувачката на различните промени на факторите. Еден начин да се дефинира еластичноста е: процентуалната промена на една променлива поделена со процентуалната промена на друга променлива(позната како арк еластичност, која што ја пресметува еластичноста за опсег на вредности, за разлика од точкаста еластичност која користи диференцијални равенки за пресметка на еластичноста на одредена точка.) Еластичноста е мерка на релативните промени.

Често добро е да се знае како ќе се промени побаруваната или понудената количина за одредена промена во цената. Ова е уште познато како ценовна еластичност на побарувачката и ценовна еластичност на понудата. Ако монополистот одлучи да ја зголеми цената, како тоа ќе се одрази врз приходите од продажба ? Дали и колку зголемената цена ќе го предизвика очекуваното намалување на продаденото количество ? Ако владата воведе данок на одредено добро,со тоа зголемуваќи ја цената, како тоа ќе се одрази врз побарувачката ?

Уште една значајна карактеристика на еластичноста е што не е само коефициент на нагиб на функцијата. На пример, една права со константен коефициент на нагиб, ќе има различна еластичност на различни точки. Одтаму, мерката на еластичноста е независна од посредни големини (пример унци и грама, метри и милји), каде што мерката на нагибот е зависна од истите.

Еден начин да се пресмета еластичноста е количникот на процентуалната промена на количината и процентуалната промена на цената. На пример ако цената се зголеми од 1.00$ на 1.05$, а понудената количина од 100 пенкала на 102 пенкала, тогаш коефициентот на нагиб е 2/0.05 = 40 пенкала по долар. Поради зависноста на еластичноста од процентуалните промени, понудената количина на пенкала пораснала за 2%, а цената за 5%, еластичноста изнесува 2%/5% = 0.4.

Поради тоа што се работи за процентуални промени, промената на мерката или валутата нема да влијае врз еластичноста. Ако за голема промена на понудената или побаруваната количина, има мала промена во цената, се вели дека се работи за еластична крива на понудата или побарувачката. Ако пак за мала промена во количината има голема промена во цената, се работи за нееластична крива. Пример за перфектно нееластична понуда или нула еластичност, е вертикалната крива на понуда. (подолу на графикот)

Еластичноста може да се пресмета и во однос на други променливи освен цената. Еден од најчестите примери е доходот. Како ќе се промени побарувачката за некое добро за одредена промена во доходот ? Ова е уште познато како еласитчност на доход на побарувачката. На пример, за колку ќе се зголеми побарувачката за луксузeн автомобил ако просечниот доход порасне за 10% ? Ако коефициентот на еластичност е позитивен, на графикот на понуда и побарувачка тоа ќе претставува позитивно поместување(во десно) на побарувачката. На сите нивоа на цени, ќе се побаруваат повеќе луксузни автомобили.

Друга еластичност која често се зема предвид е вкрстената еластичност на побарувачката, која што ги мери процентуалните промени во количината на едно добро во однос на процентуалните промени на цената на друго добро. Често се зема предвид кога се поручуваат релативните промени на побарувачката кај комплементарните добра и субститутите. Комплементарните добра се добра кои често одат заедно, или се бескорисни едно без друго (пример автомоил и гориво). Субситутите се добра меѓу кои нема големи разлики и често можат да служат како замена едно за друго (пример путер и маргарин), каде што доколку се зголеми цената на едно добро(путер), потрошувачот може да купува помалце од тоа добро со тоа што ќе купува повќе од другото добро(маргарин).

Вкрстената еластичност се мери како количник на процентуалната промена во количината на едно добро со процентуалната промена во цената на друго добро. На пример, кај комплементарите, доколку се зголеми цената на горивото за 10% а побаруваната количина на коли се намали за 20% тогаш еластичноста изнесува -2.