Допирка

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Тангента)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црна крива и црвена допирка

Допирка[1] или тангента[2] (латински: tangere - допира) – права во геометријата која во дадена точка допира крива. Пример за допирки се железничките шини, кои тркалата на возовите ги допираат во по една точка. Допирката и кривата во точката на допир имаат ист правец.

Во случај на круг, сите прави во иста рамнина можат да бидат секанти, допирки или пасанти – зависно од тоа дали со кружницата имаат две, една или ниедна заедничка точка. Допирката на кружница е нормална на полупречникот кој одговара на точката на допир.

За дадена крива на реална функција , допирката во точката претставува правец кој има ист наклон како и функцијата. Тој наклон претставува први извод на функцијата во точката , кој се запишува како . Оттука, апроксимираната вредност во околината е:

.

Допирката е најприближна линеарна апроксимација на функцијата во точката на допир  :

за

Диференцијална геометрија[уреди | уреди извор]

Математичката крива е дефинирана во реалниот интервал со функцијата . Нека (са ) е една точка на кривата. Тогаш првиот извод на функцијата во точката (исто така ) се нарекува вектор на допирката.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „допирка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „тангента“ — Дигитален речник на македонскиот јазик

Надворешни врски[уреди | уреди извор]