Јозеф Шумпетер

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Џозеф Шумпетер)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јозеф Шумпетер
Joseph Schumpeter ekonomialaria.jpg
УстановаУниверзитет во Харвард 1932–50
Универзитет во Бон 1925–32
Бидерман Банка (Biedermann Bank) 1921–24
Универзитет во Грац 1912–14
Универзитет во Черновиц 1909–11
ПолеЕкономија
Противник наКарл Маркс, Џон Мајнард Кејнз
Влијанија одКарл Маркс, Херберт Спенсер, Карл Менгер, Густав Шмолер, Макс Вебер, Вилфредо Парето
Влијаел врзКристофер Фриман, Роберт Дал, Џон Хикс, Милтон Фридман, Пол Самјуелсон, Џејмс Тобин, Џoн Бур Вилијамс, Петер Друкер, Дејвид Рокфелер
ПридонесиЕкономски циклуси
Економски развој
Претприемништво

Јозеф Алуис Шумпетер (анг. Joseph Alois Schumpeter) (8 февруари 1883 – 8 јануари 1950)[1] бил австриско-американски економист и политиколог. Тој бил министер за финансии на Австрија во 1919 година. Важи за еден од највлијателните економисти на дваесеттиот век, Шумпетер го популаризирал терминот "креативно уништување" (анг. creative destruction) во економската наука.[2]

Живот[уреди | уреди извор]

Родното место на Шумпетер е градчето Трешт (чеш. Třešť), (во сегашна Република Чешка, тогашна Австроунгарска монархија (анг.Austria-Hungary)). Се родил во 1883 година, во германско семејство од католичка вероисповед. Неговиот татко бил сопственик на фабрика, но починал кога Јозеф имал само 4 години.[3] Во 1893 година, Јозеф и неговата мајка се преселиле во Виена (анг. Vienna).[4]

Шумпетер ја започнал неговата кариера студирајќи правни науки на Универзитетот во Виена (анг. University of Vienna) каде докторирал во 1906 година. Во 1909 година, тој станал професор на Универзитетот во Черновиц (анг. University of Czernowitz). Во 1911 година тој направил трансфер на Универзитетот во Грац (анг. University of Graz каде предавал до Првата светска војна (анг. World War I). Во 1919 година, станал министер за финансии во Австрија, а во периодот од 1920 до 1924 година тој бил председател на прватната Бидерман Банка (анг. Biedermann Bank). Како и поголемиот дел од регионалната економија во тој период, и банката колабира во 1924 оставајќи го Шумпетер во банкрот.

Од 1925 до 1932, Шумпетер повторно се вратил на професорската професија предавајќи на Универзитетот во Бон (анг. University of Bonn), во Германија. Подоцна, во периодот од 1927 до 1928 и 1930 година, тој предавал на Харвард (анг. Harvard University. Во 1931 година, бил визитинг-професор на Токискиот Колеџ за Маркетинг (анг. The Tokyo College of Commerce). Во 1932 година се преселил во САД каде добил американско државјанство во 1939 година. Шумпетер имал високо конзервативен политички став. На почетокот на Втората светска војна (анг. World War II, бил под истрага на Федералното истражно биро (анг. Federal Bureau of Investigation или скратено FBI) под сомнение дека бил вмешан во нацистички ориентираните движења, но не бил пронајден никаков доказ дека тој имал некакви симпатии кон нацизмот.[5]

За време на предавањето во Харвард, Шумпетер не можел да се пофали со висок престиж во очите на неговите колеги заради тоа што неговите погледи изгледале како застарени и неуклопливи во тогашниот тренд наречен Кејнзијанизам (анг. Keynesianism) - учењето на Џон Мајнард Кејнз (анг. John Maynard Keynes). Овој период во животот на Јозеф Шумпетер се карактеризирал со многу напорна работа, но малку признавање и прифаќање на неговите идеи.

Иако Шумпетер пробувал да охрабри некои млади математичари во областа на економијата, тој не бил математичар, туку економист кој сакал да вметне социолошко разбирање во неговите економски теории. Дури и денес се дискутира за тоа дека Шумпетеровите идеи за економските циклуси и економскиот развој не може да бидат целосно објаснати по математички пат.

Шумпетер велел дека тој има три цели во животот: да биде најголемиот економист во светот, да биде најдобриот коњаник во цела Австрија и да биде најдобриот љубовник во цела Виена. Тој кажал дека во животот, успеал да постигне две од неговите три цели, но никогаш не кажал на кои две цели мисли[6][7] иако, во една прилика тој спомнал дека во Австрија има премногу солидни коњаници за да има простор тој да успее во своите аспирации.[8]

Тој починал во неговиот дом во Таконик (анг. Taconic) на возраст од 66 години, во ноќта на 7 јануари 1950 година.[9][10]

Работата и придонесите на Јозеф А. Шумпетер[уреди | уреди извор]

Влијанија[уреди | уреди извор]

Изворот на Шумпетеровата динамичност, ориентираност кон промени и економија базирана врз иновации бил Историската економска школа (анг. Historical School of economics). Иако неговата работа може да се разбере како критика за Историската економска школа, сепак трудовите на Шумпетер на темите иновација и претприемништво може да се разберат и како продолжување на идеите токму на оваа школа, посебно работата на Густав вон Шмолер (анг. Gustav von Schmoller) и Вернер Сомбарт (анг. Werner Sombart).[11][12]

Економски циклуси[уреди | уреди извор]

Поврзаноста на Шумпетеровите идеи со идеите на другите економисти била доста сложена во неговите најважни придонеси на економската анализа - теоријата на економските циклуси и економскиот развој. Не следејќи ги ниту Валрас (анг. Walras), ниту Кејнз (анг. Keynes), Шумпетер го започнува својот труд Теоријата на економски развој (анг. The Theory of Economic Development[13]) со расправа за кружниот тек кој, исклучувајќи ги иновациите и иновативните активности, води до состојба на стационарност. Состојбата на стационарност, според Шумпетер, е опишана преку еквилибриумот на Валрас (анг. Walrasian equilibrium). Кај Валрас, херојот во приказната (она нешто што ја придвижува економијата) е претприемачот.

Предложениот Економски циклус
Циклус/Бран Години на траење
Кичинов циклус 3–5 год
Жугларов циклус 7–11 год
Кузнетов циклус 15–25 год
Кондратиев циклус 45–60 год
Голем суперциклус 70+ год

Претприемачот го нарушува еквилибриумот и тоа е првичната причина за економски развој кој продолжува во кружен тренд низ неколку временски периоди. Со формирањето на оваа теорија која ги поврзува иновациите, циклусите и развојот, Шумпетер ги оддржува во живот идеите на русинот Николај Кондратиев (анг. Nikolai Kondratiev) за 50-годишните циклуси - Кондратиевите бранови (анг. Kondratiev waves).

Шумпетер предложил модел во кој четирите главни циклуси: Кондратиевиот (анг. Kondratiev) од 54 години, Кузнетовиот (анг. Kuznets од 18 години, Жугларовиот (анг. Juglar) од 9 години и Кичиновиот циклус (анг. Kitchin) од околу 4 години, може да бидат споени заедно и да формираат поврзани бранови. Три Кузнетови бранови можеле да оформат еден Кондратиев бран.[14] Секој од Кузнетовите бранови би можел да се состои од два Жугларови бранови. Слично на ова, два (или три) Кичинови бранови можеле да оформат Жугларов бран. Под претпоставка дека секој бран означува фази во економијата, преклопувањата на долниот лак на брановите нема да бидат случајни, тоа ќе може да ги објасни драстичните падови и долготрајните депресии. Што се однесува до поделбата на Кондратиевиот бран, Шумпетер никогаш не предложил поправен модел. Тој увидел дека овие циклуси (бранови) се варијабилни (се поместуваат) во времето - иако се работело за мали, и според него случајни, временски поместувања - и секој од овие циклуси служел за одредена цел.

Шумпетер за Кејнзијанизмот[уреди | уреди извор]

Во Шумпетеровата теорија, различна од теоријата на Кејнз, еквилибриумот на Валрас не е соодветен да ги опфати клучните механизми на економскиот развој. Шумпетер, исто така сметал дека институциите кои му овозможуваат на претприемачот да ги набави потребните ресурси за реализација на неговата визија претставуваат добро развиен капиталистички финансиски систем кој во себе вклучува цел ланец од кредитори. Економистите, можат да се поделат на (1) такви кои вршат реални анализи и ги сметаат парите за небитна категорија (парите се неутрална категорија која нема влијание врз економијата), и (2) такви кои мислат дека монетарните институции се важни и ги сметаат парите како движечка сила (парите не се неутрална категорија, напротив тие можат да поттикнат зголемување на општествениот производ и да придонесат за економскиот равзој). И Кејнз, и Шумпетер, спаѓаат во втората група економисти.

Шумпетер за крајот на капитализмот[уреди | уреди извор]

Се смета дека најпознатата книга која ја напишал Шумпетер е Капитализам, социјализам и демократија (анг. Capitalism, Socialism and Democracy). Оваа книга започнува со расправва за Карл Маркс (анг. Karl Marx). Иако тој ја прифаќа теоријата на Маркс дека капитализмот ќе колабира и ќе биде заменет со социјализмот, Шумпетер заклучува дека до тоа нема да дојде на начинот на кој што предвидел Маркс. За полесно опишување, тој ја употребува фразата креативно уништување (анг. creative destruction) и со неа го опишува процесот во кој старомодните начини за правење на некои работи се ендогено уништени и заменети од нови начини.

Шумпетеровата теорија вели дека успехот на капитализмот ќе доведе до облик на корпоративизам и негување на вредности спротивни на капитализмот, посебно помеѓу интелектуалците. Тој исто така вели дека интелектуалната и општествената клима која му е неопходна на претприемништвото за да напредува, нема да постои во понапредниот капитализам и ќе биде заменета од некоја форма на социјализам. Понатаму, нема да постои револуција, туку само тренд во парламентите на избирање на социјалдемократски партии. Тој вели и дека колапсот на капитализмот одвнатре, за демократското мнозинство ќе дојде како гласање за ограничувања на претприемништвото кое не само што ќе ја забави и уништи капиталистичката структура, туку и ќе го нагласи неполитичкиот процес во општеството каде слободниот капитализам евоулирал во демократски социјализам заради засиленото работничко управување, индустриската демократија и регулаторните институции.[15]

Шумпетер за демократската теорија[уреди | уреди извор]

Шумпетер ја спротивставува на класичната доктрина (анг. classical doctrine) својата теорија на демократија (анг. theory of democracy). Тој ја разгледувал идејата дека демократијата е процес преку кој електоратот (гласачкото тело) ги идентификува заедничките интереси (јавните добра), и политичарите ги остваруваат тие интереси во нивно име. Тој објаснува како е тоа нереално и на крајот народот завршува изманипулиран од политичарите. Со ова концептот владеење на народот добил димензија на нереален и непожелен. Шумпетер предлага минималистички модел, под влијание на Макс Вебер (анг. Max Weber), каде демократијата е механизам за натпревар помеѓу лидерите, многу слично како на пазарот. Иако гласовите од електоратот им даваат легитимитет на владите и ги принудуваат владите на одговорност, сепак политичките програми се гледаат како сопственост на политичарите, а не на народот, и партиципативната улога на индивидуални лица е најчество многу ограничена.

Шумпетер за претприемништвото[уреди | уреди извор]

Шумпетер е еден меѓу првите, ако не и првиот, кој развивал теории на полето на претприемништвото. Неговите фундаментални теории се именувани МарксI и МарксII. Во првата теорија, Шумпетер вели дека иновацијата и технологискиот напредок на една нација потекнуваат од претприемачите, или немирните(диви) духови (анг. wild spirits). МарксII била развиена кога Шумпетер бил професор на Харвард. Тој тврдел дека агентите кои ги движат иновациите и економијата се големи компании кои располагаат со доволно ресурси и капитал, за да инвестираат во истражување и развој. И двете теории се комплементарни една со друга.

Најзначајни трудови и дела[уреди | уреди извор]

  • "Über die mathematische Methode der theoretischen Ökonomie", 1906, ZfVSV.
  • "Das Rentenprinzip in der Verteilungslehre", 1907, Schmollers Jahrbuch.
  • Wesen und Hauptinhalt der theoretischen Nationalökonomie (transl. The Nature and Essence of Theoretical Economics), 1908.
  • "Methodological Individualism", 1908,[16]
  • "On the Concept of Social Value", 1909, QJE.
  • Wie studiert man Sozialwissenschaft, 1910 (transl. by J.Z. Muller, "How to Study Social Science", Society, 2003).
  • "Marie Esprit Leon Walras", 1910, ZfVSV.
  • "Über das Wesen der Wirtschaftskrisen", 1910, ZfVSV.
  • Theorie der wirtschaftlichen Entwicklung (transl. 1934, The Theory of Economic Development: An inquiry into profits, capital, credit, interest and the business cycle) 1911.
  • Economic Doctrine and Method: An historical sketch, 1914.[17]
  • "Das wissenschaftliche Lebenswerk Eugen von Böhm-Bawerks", 1914, ZfVSV.
  • Vergangenkeit und Zukunft der Sozialwissenschaft, 1915.
  • The Crisis of the Tax State, 1918.
  • "The Sociology of Imperialisms", 1919, Archiv für Sozialwissenschaft und Sozialpolitik [18]
  • "Max Weber's Work", 1920, Der österreichische Volkswirt.
  • "Carl Menger", 1921, ZfVS.
  • "The Explanation of the Business Cycle", 1927, Economica.
  • "Social Classes in an Ethnically Homogeneous Environment", 1927, Archiv für Sozialwissenschaft und Sozialpolitik.[18]
  • "The Instability of Capitalism", 1928, EJ.
  • Das deutsche Finanzproblem, 1928.
  • "Mitchell's Business Cycles", 1930, QJE.
  • "The Present World Depression: A tentative diagnosis", 1931, AER.
  • "The Common Sense of Econometrics", 1933, Econometrica.
  • "Depressions: Can we learn from past experience?", 1934, in Economics of the Recovery Program
  • "The Nature and Necessity of a Price System", 1934, Economic Reconstruction.
  • "Review of Robinson's Economics of Imperfect Competition", 1934, JPE.
  • "The Analysis of Economic Change", 1935, REStat.
  • "Professor Taussig on Wages and Capital", 1936, Explorations in Economics.
  • "Review of Keynes's General Theory", 1936, JASA.
  • Business Cycles: A theoretical, historical and statistical analysis of the Capitalist process, 1939.
  • "The Influence of Protective Tariffs on the Industrial Development of the United States", 1940, Proceedings of AAPS.
  • "Alfred Marshall's Principles: A semi-centennial appraisal", 1941, AER.
  • "Frank William Taussig", 1941, QJE.
  • Capitalism, Socialism and Democracy, 1942.
  • "Capitalism in the Postwar World", 1943, Postwar Economic Problems.
  • "John Maynard Keynes", 1946, AER.
  • "The Future of Private Enterprise in the Face of Modern Socialistic Tendencies", 1946, Comment sauvegarder l'entreprise privée
  • Rudimentary Mathematics for Economists and Statisticians, with W.L .Crum, 1946.
  • "Capitalism", 1946, Encyclopædia Britannica.
  • "The Decade of the Twenties", 1946, AER.
  • "The Creative Response in Economic History", 1947, JEH.
  • "Theoretical Problems of Economic Growth", 1947, JEH.
  • "Irving Fisher's Econometrics", 1948, Econometrica.
  • "There is Still Time to Stop Inflation", 1948, Nation's Business.
  • "Science and Ideology", 1949, AER.
  • "Vilfredo Pareto", 1949, QJE.
  • "Economic Theory and Entrepreneurial History", 1949, Change and the Entrepreneur.
  • "The Communist Manifesto in Sociology and Economics", 1949, JPE.
  • "English Economists and the State-Managed Economy", 1949, JPE.
  • "The Historical Approach to the Analysis of Business Cycles", 1949, NBER Conference on Business Cycle Research.
  • "Wesley Clair Mitchell", 1950, QJE.
  • "March into Socialism", 1950, AER.
  • Ten Great Economists: From Marx to Keynes, 1951.[19]
  • Imperialism and Social Classes, 1951 (reprints of 1919, 1927)
  • Essays on Economic Topics, 1951.
  • "Review of the Troops", 1951, QJE.
  • History of Economic Analysis, (published posthumously, ed. Elisabeth Boody Schumpeter), 1954.
  • "American Institutions and Economic Progress", 1983, Zeitschrift fur die gesamte Staatswissenschaft
  • "The Meaning of Rationality in the Social Sciences", 1984, Zeitschrift fur die gesamte Staatswissenschaft
  • "Money and Currency", 1991, Social Research.
  • Economics and Sociology of Capitalism, 1991.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Liberty Fund, Inc. (2007-10-08). „Joseph Alois Schumpeter: Biography“. Econlib.org. конс. 2010-09-21. 
  2. $200 Laptops Break a Business Model“, 25 јануари 2009 (посет. 21 септември 2010 г). „Навистина, Силиконската долина можеби е едно од малкуте места каде бизнисите се сè уште свесни за идеите на Џозеф Шумпетер, економист од Австрија кој пишувал за економските циклуси за време на првата половина од последниот век. Тој вели дека изворот на енергија на капитализмот е всушност креативното уништување (анг. creative destruction). Пробивите на нови компании и пропаѓањата ги поттикнуваат иновациите и на тој начин ја прават економијата посилна.“
  3. Reisman, David A. (2004). Schumpeter's Market: Enterprise and Evolution. Cheltenham: Edward Elgar Publishing. стр. 4. 
  4. Shionoya, Yuichi (2007). Schumpeter and the Idea of Social Science: A Metatheoretical Study. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 14. 
  5. Entrepreneurship, Competitiveness and Local Development. (Iandoli, Landström and Raffa, 2007, p. 5)
  6. George Viksnins. Professor of Economics. Georgetown University. Economic Systems in Historical Perspective. http://books.google.com/books?id=e78cAAAACAAJ&dq=george+viksnins&source=gbs_book_other_versions_r&cad=2
  7. Schumpeter#s Diary as quoted in "Prophet of Innovation" by Thomas McCraw. page 4. see http://books.google.com/books?id=wBXQOuQ73vwC&pg=PP1&dq=seph+Schumpeter:+Scholar,+Teacher,+Politician&ei=ra6FS4PhE4KUMsuSsJEM&cd=1#v=onepage&q=horseman&f=false
  8. P.A. Samuelson and W.D. Nordhaus, Economics (1998, p. 178)
  9. Giersch, H.. The Age of Schumpeter. „The American Economic Review“ том  74 (2): 103–109. 
  10. Joseph A. Schumpeter. A Theory of Social and Economic Evolution (Andersen, E.S., 2011)
  11. PG Michaelides, The Influence of the German Historical School on Schumpeter, 17th International Conference of the European Association for. Evolutionary Political Economy, Bremen/Germany, November 2005.
  12. PG Michaelides, Joseph Schumpeter and the German Historical School, Cambridge Journal of Economics 2009, 33, 495–516.
  13. Schumpeter, J.A. The theory of economic development : an inquiry into profits, capital, credit, interest, and the business cycle translated from the German by Redvers Opie (1961) New York: OUP
  14. Recent research suggests that the Kuznets swing could be regarded as the third harmonic of the Kondratiev wave – see Korotayev, Andrey V., & Tsirel, Sergey V. A Spectral Analysis of World GDP Dynamics: Kondratieff Waves, Kuznets Swings, Juglar and Kitchin Cycles in Global Economic Development, and the 2008–2009 Economic Crisis. Structure and Dynamics. 2010. Vol.4. #1. pp. 3–57.
  15. John Medearis, "Schumpeter, the New Deal, and Democracy", The American Political Science Review, 1997.
  16. Schumpeter, Joseph (1908). „Methodological Individualism“ (PDF). Das Wesen und Hauptinhalt der theoretischen Nationalokonomie (The Nature and Essence of Theoretical Economics). http://mises.org/books/schumpeter_individualism.pdf. посет. 2 јули 2010 г. 
  17. „Economic Doctrine and Method“ (PDF). конс. 2010-07-02. 
  18. 18,0 18,1 „Imperialism and Social Classes (1919 and 1927)“ (PDF). конс. 2010-07-02. 
  19. „Browse by subject“ (PDF). Mises.org. конс. 2010-07-02.