Ланчен мост (Будимпешта)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Сечењиев мост)
Сечењиев ланчен мост
Воздушен поглед на мостот.
ПреминуваДунав
МестоБудимпешта
Официјален називSzéchenyi Lánchíd
Други називиСечењиев мост
Особености
Видланчен мост од Вилијам Терни Кларк
Вкуп. должина375 м
Ширина12,5 м
Најдолг распон202 м
Историја
Отворен21 ноември 1849
Местоположба
Карта

Ланчен мост, поточно Сечењиев ланчен мост (унгарски: Széchenyi lánchíd) — висечки мост кој се протегна на реката Дунав и ги поврзува Будим и Пешта, западната и источната страна на Будимпешта, главниот град на Унгарија. Мостот е првиот постојан премин преку Дунав во Будимпешта, а бил отворен во 1849 година.

Тој е поврзан со плоштадот Рузвелт во Пешта, во близина на палатата Грешам и зградата на Унгарската академија на науките и уметностите. На будимската страна е поврзан со Адам-Кларковиот, во близина на патото кој води кон замокот Будим.

Мостот е наречен по унгарскиот политичар Иштван Сечењи, кој бил најголем поддржувач на изградбата на мостот. За време на неговата изградба, се броел во како светско чудо. Има огромно значење во економијата и секојдневниот живот на земјата. Неговите декорации направени од леано железо, како и неговата конструкција која зрачи со смиреност и достоинство го издигнува мостот во една од најубавите индустриски монументи на Европа. Тој е симбол на напредок, национално будење како и поврзување на истокот со западот.

Опис[уреди | уреди извор]

Сечењиевиот мост претставува висечки мост и го поврзува Рузвелтовиот плоштад во Пешта со Адам-Калрковиот плоштад во Будим. Градбата е изградена во класичен стил и има два славолака, кои служат како држачи, низ кои се протега мостот долг 375 м, а се поврзани со ланци од двете страни кои служат како дополнителна заштита, поради што истиот се нарекува и Сечењиев ланчен мост. Отворите на арките се широки по 6,5 м, а железната конструкција е со маса која изнесува 2.000 тони.

Историја[уреди | уреди извор]

Позадина[уреди | уреди извор]

Грофот Иштван Сечењи - главен иницијатор за изградба на ланчениот мост.

Од 1776 година за поврзување на бреговите на Будим и Пешта бил користен понтонски мост со 46 држачи. Но, пред почетокот на секоја зима, мостот морал да се расклопи, а повторно можел да се изгради на почетокот на пролетта. Тоа било резултат на големите надојдувања на реката Дунав. Така, за време на зимските месеци двата крајбрежни града не биле поврзани, што ја отежнувало трговијата и слободното движење на жителите на двата града.

Во XIX век дошло не само до политичка потреба за спојување на Будим и Пешта, туку и до урбанистичка. Освен тоа, граѓаните на двата дела од градот ја поддржувале идејата за перманентно спојување на двата брега преку реката Дунав со гламурозен мост, но исто така имало и противници на оваа идеја. Но, сепак унгарските инженери немале некое големо искуство во градење на мостови. Постоеле напори да се изградат и претходно, но поради излевањето на реката Дунав неколкупати, граѓата била уништувана. Освен тоа имало потреба и од висока сума на пари со која би се изградил тој мост. Граѓаните во тоа време немале доволно пари да плаќаат такси па тоа излегло и како дополнителен проблем во оваа идеја.

Главен „виновник“ за подготовката на техничките и економските подготовки за изградба на мостот е грофот Иштван Сечењи. Според него во тој период било од голема важност да се изгради еден постојан мост кој ќе ги поврзува Будим и Пешта. На 10 февруари 1832 година, била отворена дебата каде што било одлучено дека ќе се гради мост. Кога станува збор за економскиот план, вмногу помогнал грофот, кој бил еден од побогатите личности во тоа време во градот, но исто така и граѓаните кои требале да плаќаат такси. Во создавањето на мостот голема улога одиграл и најбогатиот човек во Пешта, турски освојувач на грчките дилери кои се населиле во Унгарија во тој период, Шамар Анастастиј, како и Џорџ Сина кој бил виенски банкар, а подоцна станал и основач на претпријатието Ланчен мост. Барон Едуард бил амбасадор на Кралот на Баварија, но во тој период работел како заменик претседател. Во 1827 година тој го изработил законот, според кој се предвидувало изградба на мостот.[1]

На почетокот од XIX век, железото како градежен материјал се користел само во Англија, додека столбовите на мостовите во остатокот од Европа биле од дрво или камен. Според тоа, никој немал храброст од овие материјали да изгради мост на Дунав, чијашто вода во текот на зимата замрзнува, што во тоа време било реалност, бидејќи дрвените столбови над замрзнатата река не можеле да се одржуваат подолго време.

Иницијативата за изградбата на мостот ја покренал унгарскиот гроф Иштван Сечењи во 1832 година, чијашто цел била да ги привлеченајдобрите градители во тоа време, па за изградбата бил ангажиран англискиот инженер Вилијам Терни Кларк, а за надзорник на изградабта бил ангажиран Адам Кларк. Според нацртот било предвидено мостот да претставува поголема верзија на претходно направениот мост исто од Кларк, преку реката Темза во Марлу, Англија.

Мостот бил отворен во 1849 година и од тогаш тој станува првиот постојан мост во унгарскиот главен град. Во тоа време со со должина од 202 метри, бил еден од најголемите мостови во светот. По два пара лавови биле додадени на почетокот и крајот на мостот во 1852 година. Мостот го добил сегашното име во 1898 година.

Структурата на мостот била целосно ажурирана и зајакната во 1914 година. Во Втората светска војна, мостот беил сериозно оштетен за време на опсадата на Будимпешта. Бил реконструиран во 1949 година и повторно отворен.

Национаен симбол[уреди | уреди извор]

Сечењиевиот ланчен мост е една од најславните градби во Будимпешта и претставува симбол на движењето на војската за националниот идентитет.

Занимливости[уреди | уреди извор]

  • Една од анегдотите е сврзана со вајарот на мостот. Можно е тој да се фрлил од мостот во Дунав, поради тоа што пред да го изгради мостот си поставил цел - ако некој му рече дека неговиот мост не изгледа убаво веднаш ќе се убие така што ќе се фрли. Долго време откако го изградил мостот не му било речено такво нешто. Но, еднаш неговата сопствена ќерка на шега му го рекла, а тој понесен од тоа се фрлил од мостот.
  • Унгарски акробатски пилот по име Петер Бешењи пролетал со авион свртан наопаку под мостот и од тогаш тоа е стандарден манир на Ред Бул трките.

Ноќна панорама на мостот[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • József Lengyel: Die Kettenbrücke – Geschichte um die Kettenbrücke in Budapest. Mit 8 Bildtafeln – 1. Aufl., Verlag der Nation, Berlin 1982
  • Bernhard Graf: Brücken, die die Welt verbinden. Prestel, München 2002, S. 66–67, ISBN 3-7913-2700-3
  • Richard J. Dietrich: Faszination Brücken – 1. Ausgabe. Callwey, München 1998, S. 170–177, ISBN 3-7667-1326-4
  • David J. Brown: Brücken. Kühne Konstruktionen über Flüsse, Täler, Meere. Callwey, München. 2005. ISBN 3-7667-1645-X
  • Judith Dupré: Brücken. Die Geschichte berühmter Brücken. Könemann, Köln 1998, ISBN 3-8290-0409-5.
  • Imre Gáll, Szilvia Andrea Holló: The Széchenyi Chain Bridge and Adam Clark. City Hall Publishing House, Budapest. 1999. ISBN 963-8376-91-0.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]