Јоханес Брамс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Јоханес Брамс (германски: Johannes Brahms) (7 мај 1833 - 3 април 1897) - германски композитор и пијанист.

Јоханес Брамс

Биографија[уреди | уреди извор]

Брамс во 1853 година.

Јоханес Брамс е роден во Хамбург, на 7 мај 1833 година, во лутеранско семејство. Татко му, Јохан Јаков Брамс, свирел на контрабас во хамбрушкиот градски оркестар. Семејството на Брамс било бедно, така што младиот Брамс свирел по гостилниците. Преку концертните турнеи тој посетил многу германски градови, како и многу градови надвор од Германија. Потоа, тој станал ученик на Роберт Шуман и верен пријател на неговото семејство. Шуман бил првиот кој укажал на надареноста на младиот Брамс и неговото свирење на пијано го оценил како „навистина генијално“. Немајќи работа во Хамбург, Брамс се преселил во Виена, каде починал на 3 април 1897 година.

Гробот на Брамс.

Творештво[уреди | уреди извор]

Брамс компонирал симфонии, оркестарски серенади, клавирски сонати, 200 соло песни, а најпозната симфониска творба му е „Германски реквием“. Од неговите концерти се издвојува Концертот за виолина и оркестар, опус 77, а од клавирските творби „Унгарскиот танц“.

Брамс во популарната култура[уреди | уреди извор]

Покрај тоа што извршил големо влијание врз развојот на музиката, наследството на Брамс е присутно и во популарната култура. На пример, филмот на Анатол Литвак, „Довидување повторно“ од 1961 година, во Европа бил прикажуван под насловот „Го сакате ли Брамс?“ (Aimez-Vous Brahms?)[1], бидејќи бил снимен според истоимената новела на Франсоаз Саган од 1959 година. Истовремено, во филмот била користена музиката на Брамс, поточно неговата „Симфонија бр. 3 во F-dur, Оп. 90: III Poco allegretto“.[2] Понатаму, на својот албум од 1972 година, „Академијата во опасност“ (The Academy in Peril), рок-музичарот Џон Кејл (John Cale), изразувајќи почит на своето класично музичко образование, ја вметнал и песната насловена едноставно „Брамс“ (Brahms).[3]

Наводи[уреди | уреди извор]