Чонград

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чонград
Csongrád megye
Грб на округот
CsongradCounty.png
Регион Голема јужна котлина
Административен центар Сегед
Површина 4.262,68 км2
Население 424.139 (2008)
Густина на населението 99,5 /км2
Број на населени места 60
Веб-страница www.csongrad-megye.hu

Чонград, (унгарски: Csongrád megye) е еден од 19-те окрузи на Унгарија кој се наоѓа во јужниот дел на земјата, на двете страни од реката Тиза, на границата со Србија и Романија. Од унгарските окрузи граничи со Бач-Кишкун, Јас-Наѓкун-Солнок и Бекеш. Површината на округот изнесува 4.262,68 км2, а административен центар е градот Сегед.

После отоманската окупација во 1715 година округот бил скоро ненаселени, а густина на населението била помала од 5 луѓе на 1 km2. Во 18 и 19 век, округот бил ренаселен со етнички Унгарци од релативно пренаселените северни и западни окрузи на Кралството Унгарија.[1] Сега округот е дом на 423,826 луѓе (од кои 216,936 живеат во урбаните населени места), а густината на населението е 100 луѓе на 1 km2. Во округот 95% од населението го сочинуват Унгарците.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Changing ethnicities in Hungary (map+data+assay) (Károly Kocsis, Zsolt Bottlik, MTA Földrajztudományi Kutatóintézet, Budapest 2009, ISBN 978-963-9545-18-2, ISBN 978-963-9545-19-9)