Зетска Бановина

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Зетска бановина)
Zetska banovina
Зетска бановина
Бановина на Кралство Југославија
1929–1941
 

 

 

Местоположба на Zetska banovina
Местоположба на Zetska banovina
Локација во Кралството Југославија
Главен град Цетиње
Историја
 -  Основана 3 октомври 1929
 -  Укината 17 април 1941
Површина
 -  1931 30.997 км2
Население
 -  1931 925.516 жит.
Густина 29,9 жит/км2
Денес во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Косово
Карта на југословенските бановини.

Зетска бановина била провинција (бановина) во рамките на Кралството Југославија од 1929 до 1941 год. Во бановината спаѓала целата територија на денешна Црна Гора и делови од Централна Србија, Косово, Хрватска и Босна и Херцеговина. Именувана е по реката Зета, а административен центар бил градот Цетиње.

Граници[уреди | уреди извор]

Според уставот на Кралството Југославија од 1931,

Зетската бановина на север се граничи со јужните граници на Приморската и Дринската бановина ... до крстопатот на границите на трите општини Драгачево, Жича и Студеница. Од тука и до државната граница со Албанија, границата на оваа бановина ги следи источните граници на општините Студеница, Дежева, Митровица, Дреница и Дрин, вклучувајќи ги овие општини. Потоа, до Јадранското Море, границата на Зетската бановина се совпаѓа со југословенско-албанската државна граница.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1939, областите со етнички хрватски мнозинства во Зетската бановина од Которскиот Залив до Пељешац и Дубровник биле спојувани со новата Хрватска бановина.

Во 1941, силите на Оската во Втората светска војна ја окупирале Зетската бановина и ја делеле помеѓу Црна Гора и Албанија под италијанска окупација, Србија под германска окупација, и Усташка Хрватска. По втората светска војна, регионот бил поделен меѓу социјалистичките републики Црна Гора, Босна, Србија и Хрватска во рамките на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]