Брегалничко-струмички корпус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Печат на Брегалничко-струмичкиот корпус.

Брегалничко-струмичкиот корпус на НОВЈ е формиран на 3 октомври 1944 година. При формирањето во неговиот состав влегле 50-та и 51-та македонска дивизија. Командант на корпусот бил Пецо Трајков, а политички комесар Благоја Стефановски - Гојчо.[1]

Команден состав[уреди | уреди извор]

Командниот состав на дивизијата го сочинувале:[2]

Борбени дејства[уреди | уреди извор]

Корпусот започнал со борбени дејствија на 15 октомври 1944 година, за ослободување на територијата од границата со Бугарија до реката Вардар, како и од реката Брегалница до реката Струмица. Ослободени се градовите Кочани на 22 октомври, Штип на 8 ноември, Струмица на 5 ноември и Валандово на 7 ноември.

По ослободувањето на Струмица, 51-та дивизија била испратена на тромеѓето за да ги затвори правците од Бугарија и Грција, а 50-та дивизија била испратена во борбата за ослободување на Скопје. Корпусот е расформиран во првата половина на декември 1944 година, а неговите дотогашни борци се распоредени во другите воени единици.[3]

Литература[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јордан Цеков-Дане, „Благој Стевковски-Гојчо: прилози за биографија“, Скопје, 2006, 110 стр.
  2. д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 200-202
  3. Македонска енциклопедија“ (книга прва). „МАНУ“, Скопје, 2009, стр. 208.