Борис Чушкаров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Писмо на Боро Чушкар испратено до ГШ, 1944.

Борис Чушкаров (Боро Чушкар) (Куманово, 28 јануари 1916 - Скопје, 19 септември 1982) бил македонски комунист. Основач и прв раководител на ОЗНА во СРМ. Учесник на Првото заседание на АСНОМ.

Во 1940 година станува член на КПЈ. Истата година, заедно со Душан Недељковиќ, Блажо Орландиќ и Антон Колендиќ, е интерниран во логор во Билеќа. Во 1944 година е политички комесар на Шеснаесеттиот македонски корпус.