9 септември (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1499  Бродот Сан Габриел на чело Васко де Гама се вратил во пристаништето во Лисабон од првото патување до Индија по две години патување во обете насоки.
1776  Воведен е и официјалниот назив Соединети Американски Држави наместо Обединети Колонии кој дотогаш беше во употреба.
1850  Калифорнија е признаена како триесет и првата држава во САД.
1924  Се случува масакрот во Ханапепе, Хаваи
1943  Втора светска војна: Сили на алијансата слетуваат кај Салерно и Таранто, Италија.
1947  Првиот познат случај на информатичка бубачка: молец се населил во релеј од сметачот на универзитетот Харвард.
1956  Елвис Присли за првпат се појавува на емисијата на Ед Саливан.
1959  Нико Нестор станува првиот Македонец кој го препливува Ла Манш.
1969  Легендата на македонското женско пливање Атина Бојаџи станува првата жена која го препливува Ла Манш за време од 13 часа и 20 минути.
1991  Таџикистан добива независност од Советскиот Сојуз.
1994  Започна со работа Постојаната мисија на Република Македонија при Обединетите нации во Виена.