Кумановска дивизија на НОВЈ
Кумановска дивизија на НОВЈ ― поранешна дивизија создадена во почетокот на октомври 1944 година во селото Жегљане, Кумановско, кога бил создаден штабот на дизвизијата.[1] Во нејзиниот состав влегле следните бригади: Шеснаесетта, Седумнаесетта, и Осумнаесетта македонска ударна бригада. Дивизијата имала околу 5500 борци и старешини, и формациски дејствувала во рамките на Шеснаесеттиот македонски корпус.
Команден состав
[уреди | уреди извор]Командниот состав на дивизијата го сочинувале:[1]
- Методија Поповски - Мајка, командант
- Коста Бољановиќ, заменик командант
- Благоја Поповски, политички комесар
- Драгутин Филиповиќ, началник на штабот.
Борбени дејства
[уреди | уреди извор]Борбените операции на оваа дивизија се одвивале во координација со Четириесет и втората дивизија која исто така била под команда на Шеснаесеттиот македонски корпус. Кумановската дивизија дејствувала на потегот Крива Паланка-Пчиња, заедно со Првата бугарска армија, а потоа на пругата Скопје-Качаник, каде водела жестоки борби со германските сили што се повлекувале, како и со балистичките сили кои оперирале во тој регион. Од нејзините бригади:
- Шеснаесетта македонска ударна бригада, водела борби на северниот дел на Скопје;
- Седумнаесетта македонска ударна бригада дејствувала против Единаесеттата германска воздухопловна пешадиска дивизија;
- Осумнаесетта македонска ударна бригада, дејствувала на патот Куманово-Врање.
По конечното ослободување на Македонија, оваа дивизија продолжила со борбите против балистите во реонот Прешево и Гнилање, а со воената реформација од декември 1944 година, оваа дивизија била расформирана, а нејзините борци влегле во составот на другите единици на македонската војска.[1]