Мавровско-гостиварски НОПО „Кораб“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Споменик на загинатите борци од партизанскиот одред Кораб во мавровско Ново Село

Мавровско-гостиварскиот партизански одред „Кораб“ била партизанска единица на НОВ и ПОМ, формирана во реонот на селото Маврово, во периодот од 30 септември 1942 до 21 мај 1943 година. Единицата била формирана од припадници на НОД од Мавровско и Гостиварско.

Одредот извршил акции во близина на селото Трница и на превојот Буковиќ (1942), а во зимата се повлекол на зимување.

На 14 март 1943 година во месноста „Арамиски камен“ на Бистра одредот повторно се активирал. При формирањето тој броел 15 борци, но набрзо се зголемил на 27 борци. За командир бил поставен Александар Радосавлевиќ, а за негов заменик Том Ѓелај. Политички комесар бил Слободан Пеповски, а негов заменик Чеде Филиповски - Даме.[1]

На 27 април 1943 година одредот влегол во судир со балистите во Ново Село, при што четворица борци загинале, десетмина биле заробени, а осуммина успеале да го пробијат непријателскиот обрач. Подоцна, шестмина од десетмината заробени борци од одредот биле осудени на смрт и на 17 мај обесени во Тирана.[2]

Преостанатите борци од одредот влегле во составот на Мавровско-кичевскиот партизански одред, формиран на 21 мај 1943 година. Подоцна неговите борци од Мавровско и Гостиварско се издвоиле и во јули истата година го формирале првиот Мавровски партизански одред, кој дејствувал самостојно на подрачјето на Првата оперативна зона, до влегувањето во составот на Кичевскиот баталјон на 23 септември 1943 година.[3]

Борци на одредот[уреди | уреди извор]

Во состав на одредот влегле:[4]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Gostivar i Gostivarsko vo NOB 1941–1944, Gostivar, 1974. Vl. Iv.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Гале Фиданоски „Априлскиот злостор во Ново село“, Гостивар, 1976, 6 стр.
  2. Гале Фиданоски „Априлскиот злостор во Ново село“, Гостивар, 1976.
  3. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 814 стр.
  4. Дејан Алексиќ „Душко Поповиќ-Ѓоко: прилог кон биографијата“, Архив на Скопје, Скопје, 1985, 318 стр.