Душко Поповиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роден 3 јануари 1913
Врање,  Србија
Починал 17 мај 1943
Тирана,  Албанија
Занимање комунист и партизан
Споменик на местото каде била куќата на Поповиќ во Скопје

Душко Поповиќ (српски: Душко Поповић; Врање, Србија, 3 јануари 1913 - Тирана, Албанија, 17 мај 1943)[1] бил македонски и југословенски комунист и партизан.

Биографија[уреди | уреди извор]

Поповиќ бил роден во Врање, Србија во 1913 година. Имал нешто повеќе од една година кога неговото семејство се преселило во Скопје. Завршил основно училиште и гимназија во Скопје, а во 1932 година се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1934 година е примен за член на КПЈ. На 26 јануари 1935 година е уапсен и во јуни 1935 година е осуден на една и пол година затвор. Казната ја издржувал во Сремска Митровица. Од затвор излегува на 27 јули 1936 година. Во 1939 година станува член на редакцијата на „Наша реч“.

По окупацијата на Македонија во 1941 година преминал во илегала и делувал прво во Скопје, а од есента 1941 година во Западна Македонија. Во 1943 година бил еден од организаторите на Мавровско-гостиварскиот партизански одред „Кораб“ и негов инструктор. На 27 април 1943 година е уапсен по битката со балистите во Ново Село, Гостиварско. Спроведен е во затворот во Тирана, осуден е на смрт и е обесен на 17 мај 1943 година, заедно со петмина други соборци.[2]

Во негова чест неколку македонски улици го носат неговото име, а на местото каде што била неговата куќа во Скопје, во Ново Маало, е поставено спомен-обележје.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Дејан Алексиќ „Душко Поповиќ-Ѓоко: прилог кон биографијата“, Скопје, 1985, 69 стр.
  2. Антун Колендиќ „Рацин на робија“
  3. Крсто Здравковски „Да не се заборави: споменици и спомен белези од НОВ во Скопје“, Скопје, 1982, 90-91 стр.