Качаци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Косовски Албанци бунтовници контролираат пат во Косово, 1920-ти

Качаци (албански: kaçak) е термин што се користи за албанските бандити кои биле активни кон крајот на 19 и почетокот на 20 век во северна Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија, а подоцна и како термин за милициите на албанските револуционерни организации против Кралството Србија (1910– 18) Кралство Југославија (1918–24), наречено „Качачко движење“.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Зборот е изведен од турскиот збор kaçmak за „одметник“.[1][2]

Историја[уреди | уреди извор]

1920–24 Качачко движење[уреди | уреди извор]

Комитетот за национална одбрана на Косово (албански: Komiteti për Mbrojten Kombëtare e Kosovës) е создаден во Скадар, под Хасан Приштина, во 1918 година. Комитетот организациски и финансиски ги подржувал качаците во областите населени со Албанци на Југославија, во Косово и Скопје (поранешен Косовски Вилает). Качаци дејствувале и околу Охрид и Битола. [3] На 6 мај 1919 година Комитетот повика на општо востание во Косово и во другите области населени со Албанци во Југославија. Качаците биле популарни меѓу Албанците, а локалната поддршка за нив се зголемила во 1920-тите кога Хасан Приштина стана пратеник во албанскиот парламент, Хоџе Кадриу стана министер за правда, а Бајрам Цури стана министер за војна (1921). Сите тројца биле косовски Албанци. За тоа време, косовските Албанци под команда на Азем Галица започнале вооружена борба, позната и како „Качачко движење“,[4] бунт од големи размери во Дреница во кој учествувале околу 10.000 луѓе под Галица. Востанието било задушено од југословенската војска.[5] Вооружените конфликти меѓу југословенската војска и качаците се случиле во годините 1920 и 1921 година,[6] 1923 година,[7][8] со заживување во 1924 година. Едно од достигнувањата било создавањето на „неутрална зона“ околу Јуник која ќе послужи за загрозување на границата и обезбедување муниција и друга логистичка поддршка за качаците.

Наследство[уреди | уреди извор]

Тие се широко прикажани во албанскиот фолклор.[9][10][11] Албанските колаборационисти во Југославија за време на Втората светска војна биле познати и како Качаци.[12]

Забележителни луѓе[уреди | уреди извор]

  • Бајрам Цури (1862–1925)
  • Азем Галица (1889–1924)
  • Ќериме Шоте Галица (1895–1927) [13]
  • Зеф Кол Ндока (1883-1924)
  • Хисни Кури (?-1925)
  • Ајет Сопи Блата
  • Аган Која
  • Мехмет Паше Дерала
  • Сали Бутка
  • Осман Така
  • Аслан Кури
  • Идриз Сефери
  • Бајрам Балота
  • Садик Рама
  • Иса Болетини
  • Јусуф Мехоња

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cerwyn Moore (2010). Contemporary Violence: Postmodern War in Kosovo and Chechnya. Oxford University Press. стр. 117–. ISBN 978-0-7190-7599-5.
  2. Robert Bideleux; Ian Jeffries (24 January 2007). The Balkans: A Post-Communist History. Routledge. стр. 522–. ISBN 978-1-134-58328-7.
  3. Hugh Poulton (1995). Who are the Macedonians?. C. Hurst & Co. Publishers. стр. 92–. ISBN 978-1-85065-238-0.
  4. Cerwyn Moore (2010). Contemporary Violence: Postmodern War in Kosovo and Chechnya. Oxford University Press. стр. 117–. ISBN 978-0-7190-7599-5. The greatest and most celebrated Kachak leader was Azam Bejta (1889–1924), who kept his native Drenica, the central district of Kosovo.
  5. Robert Elsie (November 15, 2010), Historical Dictionary of Kosovo, Historical Dictionaries of Europe, 79 (изд. 2.), Scarecrow Press, стр. 64, ISBN 978-0810872318
  6. Bujar Lulaj (2012-09-22), Rrefimet e sekretarit konfidencial te Bajram Currit (албански), Dielli, Архивирано од изворникот на 2014-02-01, Посетено на 2014-01-31
  7. Studia Albanica (француски), 26, Universiteti Shtetëror i Tiranës; Instituti i Historisë (Akademia e Shkencave e RPS të Shqipërisë), 1989, стр. 29, ISSN 0585-5047, OCLC 1996482
  8. Studime historike (албански), 41, Akademia e Shkencave, Instituti i Historisë, 1987, стр. 63, ISSN 0563-5799, OCLC 3648264
  9. Dhimiter Shuteriqi (1971). Historia e letërsisë shqipe. 1–2 (изд. 2.). Enti i teksteve dhe i mjeteve mësimore i Krahinës Socialiste Autonome të Kosovës. стр. 101. OCLC 8692190.
  10. Instituti i Gjuhësisë dhe i Letërsisë (Akademia e Shkencave e RPS të Shqipërisë), Universiteti Shtetëror i Tiranës. Instituti i Historisë dhe Gjuhësisë (1970). Studime Filologjike. Akademia e Shkencave e RPSSH, Instituti i Gjuhesise dhe i Letersise. стр. 71–75. ISSN 0563-5780. OCLC 29286220.
  11. Spiro Shetuni (April 21, 2011). Albanian Traditional Music: An Introduction, with Sheet Music and Lyrics for 48 Songs. Mcfarland. стр. 78. ISBN 978-0786464494.
  12. Hans-Christian Petersen, Samuel Salzborn (2010). Antisemitism in Eastern Europe: History and Present in Comparison. Bern: Peter Lang p. 97.
  13. Papleka, Feride. „Shotë Galica, një Zhan d'Ark shqiptare“. Gazeta-Shqip.com. Gazeta Shqip. Посетено на 1 May 2020.