Шкрети

Од Википедија — слободната енциклопедија
Етничко знаме на македонците
Етничко знаме на македонците

Дел од темата
Македонци

Култура
Книжевност · Уметност
Фолклор · Музика · Носии
Кино · Кујна · Спорт
· Архитектура

Историја
Национална преродба
НОБ (1941-1944)
НОФ (1945-1949)

Државност
АСНОМ
Н.Р Македонија (1944-1991)
Р Македонија (од 1991)

Распространетост
Албанија · Бугарија
Грција · Србија
Македонска дијаспора

Тематски
Православна Црква
Македонци муслимани
Македонски јазик

Шкрети — назив за етничките Македонци, кои го примиле албанскиот јазик и кои во Република Македонија живеат во областа Горна Река (денес во општините Маврово и Ростуше и Гостивар).

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Етимилогијата на македонскиот збор „Шкрет“ потекнува од гегискиот (албанскиот) збор Шкја, којшто означува Словен. Самите Албанци (Геги) ги нарекувале етничките Македонци кои го примиле албанскиот јазик Шкја или Скја т.е. словени, за да се разликуваат од етничките Албанци. Но, Шкрети нема само во Горна Река, туку албанизирани Македонци во најголем број живеат во Голо Брдо, околиите на градот Коњух (преименуван од Отоманците во Елбасан), Белград (преименуван од Отоманците во Белград), Горица (тур. Корча), Бобовишта, Поградец, Девол, итн. Поконкретно, Шкја е термин кои гегите (Албанците) го користеле и за сите останати словенски народи. Српскиот етнограф Јован Цвииќ, забележал дека Албанците ги нарекуваат и Србите и Црногорците “само Шкја, Скја и никако поинаку“[1]. Според етимилошкиот речник на хрватскиот и српскиот јазик, албанскиот збор shqa (шкја) означува Словен[2].

Предание[уреди | уреди извор]

Кај овие луѓе постои едно широко раширено предание дека кога во целиот Рекански крај надвладеале насилства и злосторствата, едни за да се избават од тие неволји се согласиле да ја променат верата, тие се согласиле да го променат (прифатат) јазикот[3]. Дека ова предание може да има извесно голема веродостојност потврдуваат поголем број историски факти, податоци и споменици. Имено, најголемиот дел или речиси сите имиња на селата и местата во кои живеат овие луѓе се со потекло од македонскиот јазик. Потоа, токму овој предел почнувајќи од 17 век бил портата преку која навлегувале качачките пљачкашки банди, а подоцна и се населувале Албанците во Македонија. Во условите на несигурност на Отоманското Царство, овие предели биле владеени и управувани од паши кои биле Албанци. Во тој поглед не треба да зачудува фактот дека албанскиот јазик се ширел врз оние луѓе кои биле непосредно изложени на контакти со албанските банди или заштитници-сејмени, за разлика од оние кои станале муслимани и во услови на една верски организирана држава уживале одредена безбедност и сигурност и биле оставани на мир. Дека албанскиот јазик се ширел и прифаќал од христијанско македонско население и надвор од Горна Река, сведочат записите на бугарскиот етнограф и статистичар Васил К’нчов (кој луѓето од Горна Река ги запишувал како православни Арнаути) и рускиот јазичар Афанасиј Селишчев, кој сведочат дека и жителите на селата во Мавровското Поле биле двојазични, односно покрај македонскиот го зборувале и владееле и албанскиот јазик, исто како и селото Горно Јеловце и неколку други во Полог. Оваа појава била позната и во други краишта, па и во обратна насока сведочат записите на македонскиот револуционер Ѓорче Петров, за скопското село Љуботен во кое помалубројните христијани го примиле албанскиот јазик како и за костурското село Статица, чии жители иако биле со албанско потекло под влијание на околните села го примиле македонскиот јазик и самосвест.

Асимилација[уреди | уреди извор]

Општопознато е дека Македонците, како христијани во Отоманското Царство, трпеле големи тероризирања од страна на исламизираните Албанци, кои биле главни отомански сојузници на Балканот. Поради тие притисоци, за заштита на својот живот, голем дел од Македонците од западна Македонија и она што денеска е држава Албанија се исламизирале, а оние кои останале верни на својата прадедовска христијанска вера, само го прифатиле албанскиот јазик со цел полесно да ги разбираат своите напаѓачи и навремено да се соочуваат и надминуваат заканите. Тоа се денешните Шкрети. Многу од Шкрети со тек на време се исламизирале, па целосно се претопиле во Албанци. Денеска исламизираните Шкрети од Горна Река се сметаат исклучиво за Албанци, иако етничкото потекло им е чисто македонско. Се претпоставува дека Шкрети го прифатиле албанскиот јазик во 19 век. Постојат белгиски сведоштва од 19 век, кои се однесуваат на селата во Корча (Горица) и Девол, населени со етнички Македонци, но под арнаутскиот притисок морале да го прифатат албанскиот јазик т.е. да се албанизираат или пак да се исламизираат и да добијат Отоманска заштита. Забележано е дека масовно, македонските селани од Корча и Девол, кои го говореле македонскиот јазик како мајчин, го прифатиле албанскиот јазик некаде околу 1870 година. Првенците на подесетина села од овие области се заколнале групно да не говорат повеќе словенски, да не го пренесуваат македонскиот јазик на своите деца и да станат Албанци[4]. Пишаните историски извори и факти, откриваат дека голем број од денешните Албанци имаат македонско етничко потекло. Денес шкрети живеат во гостиварска Волковија и други села.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. J. Cvijić, Balkansko Poluostrvo, Beograd 1931, II, 31 i d., 61
  2. Petar Skok, Etimologijski rječnik hrvatskoga ili srpskoga jezika, JAZU, Zagreb 1973
  3. Шаревски, Марио (18 декември 2014). „За припадноста на луѓето од Горна Река“. Утрински Весник. Архивирано од изворникот на 2015-04-05. Посетено на 30 октомври 2015.
  4. Списание "Albania"Bruxelles, 15–30 Juni 1898, p. 32.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]