Прејди на содржината

Основен суд Велес

Координати: 41°1′54″N 21°19′58″E / 41.03167° СГШ; 21.33278° ИГД / 41.03167; 21.33278
Од Википедија — слободната енциклопедија

Основен суд Велес — суд со основна надлежност сместен во градот Велес и го опфаќа подрачјето на општините Велес, Градско и Чашка.[1] Воедно, овој суд има и проширена надлежност за подрачјето на судот во Велес, а до 2020 година бил надлежен и за судовите во Гевгелија, Кавадарци и Неготино.

Судот во Велес ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатите општини. Основниот суд во Велес одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините.

Историја

[уреди | уреди извор]

Основниот суд во Велес, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година.

Судот во Велес започнал со работа во 1945 година како Околиски суд за Титоввелешката околија. Како таков работел до 1963 година, кога бил преименуван во Општински суд Велес, а во 1995 година бил повторно преименуван во Основен суд Велес.

Внатрешна организација

[уреди | уреди извор]

Основниот суд во Велес е поделен на пет одделенија: приемно, граѓанско, прекршочно, кривично и извршно одделение.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Закон за судовите“ (PDF). Министерство за правда на Македонија. Службен весник на Република Македонија. Посетено на 11 октомври 2016.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

41°1′54″N 21°19′58″E / 41.03167° СГШ; 21.33278° ИГД / 41.03167; 21.33278