Основен суд Кавадарци

Координати: 41°26′11″N 22°01′05″E / 41.43639° СГШ; 22.01806° ИГД / 41.43639; 22.01806
Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед на основниот суд

Основен суд Кавадарци — суд со основна надлежност сместен во градот Кавадарци и го опфаќа подрачјето на општините Кавадарци и Росоман.[1] Воедно, овој суд има и проширена надлежност за подрачјето на судовите во Кавадарци и Неготино, што ја стекнал во 2020 година. Дотогаш, судското подрачје на судовите во Кавадарци и Неготино припаѓал на судот во Велес.

Судот во Кавадарци ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатите општини. Основниот суд во Кавадарци одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините.

Историја[уреди | уреди извор]

Основниот суд во Кавадарци, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година.

Внатрешна организација[уреди | уреди извор]

Судот е сместен во зграда на приземје и спрат, со локација на адреса ул. Нов Белград бр. 16 во градот Кавадарци.

Основниот суд во Кавадарци е поделен на пет одделенија: приемно, граѓанско, прекршочно, кривично и извршно одделение.

Претседатели на судот[уреди | уреди извор]

Од неговото основање во 1945 година, претседатели на ОС Кавадарци биле следниве:

  • Глигор Даскалов (1945-1947)
  • Ристо Талевски (1945-1955)
  • Александар Мишев (1956-1960)
  • Миле Ѓорѓиевски (1960-1967)
  • Драги Каровски (1967-1976)
  • Димитар Манчев (1978-1986)
  • Мирослав Маневски (1986-1997)
  • Стојан Бојков (1997-2001)
  • Јордан Дафков (2001-2005)
  • Лазар Нанев (2006-2010)
  • Зоран Јосифовски (2010-2014)
  • Зоран Јосифовски (2015-2019)
  • Лазар Нанев (2019-денес)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Закон за судовите“ (PDF). Министерство за правда на Македонија. Службен весник на Република Македонија. Посетено на 11 октомври 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°26′11″N 22°01′05″E / 41.43639° СГШ; 22.01806° ИГД / 41.43639; 22.01806