Основен суд Битола
Основен суд Битола — суд со проширена надлежност сместен во градот Битола и го опфаќа подрачјето на општините Битола, Могила, Новаци и Демир Хисар, со судско одделение во градот Демир Хисар.[1] Воедно, овој суд има и проширена надлежност за подрачјето на судовите во: Битола и Ресен.
Судот во Битола ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатите општини. Основниот суд во Битола одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините.
Историја
[уреди | уреди извор]Основниот суд во Битола, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година.
Судот во Битола започнал со работа во 1945 година како Околиски суд за Битолската околија. Како таков работел до 1963 година, кога бил преименуван во Општински суд Битола, а во 1995 година бил повторно преименуван во Основен суд Битола.
Внатрешна организација
[уреди | уреди извор]Основниот суд во Битола е поделен на пет одделенија: приемно, граѓанско, прекршочно, кривично и извршно одделение. Судот е сместен во новоизградена зграда од 1972 година во Битола, која била надградена во 2006 година со уште еден кат.
Претседатели на судот
[уреди | уреди извор]Од неговото основање во 1945 година, претседатели на ОС Битола биле следниве:
- Киро Пашоски
- Томе Ивановски-Маку
- Диоген Хаџи-Коста
- Ацо Талевски (прв мандат)
- Јорго Хаџи-Стерју
- Ацо Талевски (втор мандат)
- Георгина Мицковска
- Душко Јанкуловски
- Олга Бошевска
- Александар Прчевски
- Стефан Караманди
- Јордан Врбовски
- Дејан Крстанов
- Миле Димовски
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Закон за судовите“ (PDF). Министерство за правда на Македонија. Службен весник на Република Македонија. Посетено на 11 октомври 2016.