Основен суд Тетово

Координати: 42°00′28″N 20°58′08″E / 42.00778° СГШ; 20.96889° ИГД / 42.00778; 20.96889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Зградата на судот во Тетово

Основен суд Тетово — суд со основна надлежност сместен во градот Тетово и го опфаќа подрачјето на општините Тетово, Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце и Теарце.[1] Воедно, овој суд има и проширена надлежност за подрачјето на судот во Тетово.

Судот во Тетово ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатите општини. Основниот суд во Тетово одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините.

Историја[уреди | уреди извор]

Основниот суд во Тетово, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година.

Првично, судот работел во зградата на управата за пазариште во Тетово, која се наоѓала на самото старо градско пазариште во средишниот дел на Тетово, во непосредна близина на плоштадот. Во 1962 година била изградена нова зграда, во која и денес работи судот.

Внатрешна организација[уреди | уреди извор]

Основниот суд во Тетово е поделен на пет одделенија: приемно, граѓанско, прекршочно, кривично и извршно одделение.

Претседатели на судот[уреди | уреди извор]

Од неговото основање во 1945 година, претседатели на ОС Тетово биле следниве:

  • Блашко Крстески
  • Димче Трпески
  • Николка Трпески
  • Занко Стојменов
  • Беќир Исеини
  • Крсто Попоски
  • Сафет Хамзи
  • Џемајли Арифи

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Закон за судовите“ (PDF). Министерство за правда на Македонија. Службен весник на Република Македонија. Посетено на 11 октомври 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

42°00′28″N 20°58′08″E / 42.00778° СГШ; 20.96889° ИГД / 42.00778; 20.96889