Основен суд Свети Николе

Координати: 41°51′54″N 21°56′39″E / 41.86500° СГШ; 21.94417° ИГД / 41.86500; 21.94417
Од Википедија — слободната енциклопедија

Основен суд Свети Николе — суд со основна надлежност сместен во градот Свети Николе и го опфаќа подрачјето на општините Свети Николе и Лозово.[1]

Судот во Свети Николе ја извршува судската власт во прв степен во рамките на двете гореспоменати општини. Основниот суд во Свети Николе одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините Свети Николе и Лозово.

Историја[уреди | уреди извор]

Основниот суд во Свети Николе бил основан како Општински суд на 1 април 1956 година. Во тој момент, судот бил сместен во зграда спроти улицата каде денес се наоѓа судската зграда. Во таа зграда, судот работел до 18 септември 1976 година.

Внатрешна организација[уреди | уреди извор]

Основниот суд во Свети Николе е поделен на пет одделенија: приемно, граѓанско, прекршочно, кривично и извршно одделение.

Претседатели на судот[уреди | уреди извор]

Од неговото основање во 1956 година, претседатели на ОС Свети Николе биле следниве:

  • Боро Брдарски
  • Васил Велков
  • Душко Давчев
  • Андреја Весов
  • Драги Златев
  • Светолик Николов
  • Стојанчо Атанасов
  • Димче Поцков
  • Слободан Арсовски
  • Тодор Поп-Панев

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Закон за судовите“ (PDF). Министерство за правда на Македонија. Службен весник на Република Македонија. Посетено на 11 октомври 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°51′54″N 21°56′39″E / 41.86500° СГШ; 21.94417° ИГД / 41.86500; 21.94417