Прејди на содржината

Основен суд Крушево

Координати: 41°22′03″N 21°14′58″E / 41.36750° СГШ; 21.24944° ИГД / 41.36750; 21.24944
Од Википедија — слободната енциклопедија
Основен суд Крушево
Поглед на судот
Карта
Основан1959
НадлежностОпштина Крушево
Местоположбаул. Илинденска б.б.
Крушево, Македонија
Composition methodОсновен суд
Мрежно местоhttp://sud.mk/wps/portal/oskrusevo

Основниот суд Крушевосуд со основна надлежност сместен во градот Крушево и го опфаќа подрачјето на Општина Крушево.[1]

Судот во Крушево ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатата општина. Основниот суд во Крушево одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општината Крушево.

Историја

[уреди | уреди извор]

Претходници на Основниот суд Крушево

[уреди | уреди извор]

Првиот суд во Крушево бил создаден во 1918 година под називот Општински суд. Овој суд во тоа време работел предмети од областа на прекршоците и граѓански спорови чија вредност изнесувала до 500 тогашни динари. Од 1918 до 1934 г. претседатели на Општинскиот суд Крушево биле кметовите на тогашната општина. Истиот постоел до 1934 година, кога се создаден Срески суд кој постоел до 6 април 1941 година. Срескиот суд ги решавал сите кривични и граѓански предмети кои биле ставени во надлежност на среските судови според тогашните прописи. Од 1934 година до 1941 година претседател на судот бил Јоксимовиќ Н., а како судија работел Никола Ѓурковиќ сè до 1936 година. Од 1936 година до 1938 година судија бил Никола Ембулаев, додека од 1938 година до 1941 година судија бил Реља Димитриевиќ. Во периодот од 1934 година до 1947 година, со постоењето на судот во Крушево постоеле и три адвокатски кантори канцеларии со адвокатите: Тача Јанакиески, Иван Јошески и Иван Чапароски. Во април 1941 година бил создаден бугарски Околиски суд кој постоел до 1944 година. За време на окупацијата 1941-1944 година, во судот работеле судии поставени од страна на бугарските окупатори. Од 1944-1947 година во Крушево постоел Околиски суд на чело со претседателот и судија Ванѓел Ацески, кој потоа станал судија во Врховниот суд на Македонија. Од крајот на 1947 година до 1957 година во Крушево се одржувале расправи под надлежност на Околискиот суд во Прилеп.[2]

Основање

[уреди | уреди извор]

Во 1957 година во Крушево бил создаден формиран Околиски суд кој потоа преминал во Општински суд. Во 1960 година судската зграда се запалила и изгорени се сите списи и предмети кои постоеле при судот, како и предмети што се решавале во текот на постоењето на судот во Крушево. По пожарот поголем дел од предметите чие решавање било во тек, постапката за истите била обновена и довршена при овој суд. Во 1980 година Општинскиот суд во Крушево бил префрлен во ново изградена градба заедно со судот за прекршоци.[2]

Претседатели на судот

[уреди | уреди извор]

Од неговото основање, претседатели на ОС Крушево биле следниве:[2]

  • Димитар Башески (1957-1959)
  • Јован Деребанов (1959-1960)
  • Милан Костоски (1960-1965)
  • Кочо Хаџи-Лега
  • Милан Сазданоски
  • Киро Пашоски
  • Кочо Ѓоргиоски
  • Благоја Бошкоски
  • Кочо Ивановски
  • Благоја Бошкоски (2009-)

Внатрешна организација

[уреди | уреди извор]

Приземје

[уреди | уреди извор]

На приземјето, на влезот од судската зграда сместени се судската полиција, телефонската централа, доставната служба како и следните одделенија:[2]

  • Одделение за прием и експедиција
  • Вонпарнично одделение
  • Прекршочно одделение
  • Извршно одделение

На приземјето предвидена е просторија за шалтерско работење која моментално се користи како архива. Исто така на приземјето се сместени и канцелариите на информатичарот, домаќинот - магационерот. Обезбедена е просторија за адвокатите и една просторија за одземени предмети.[2]

На првиот кат сместени се: кабинетот на Претседателот на судот, кабинетите – канцелариите на судиите, канцелариите на стручните соработници, дактилобиро, граѓанско и кривично одделение, книговодствена канцеларија, две судници и канцеларијата на судскиот преведувач.[2]

Поткровје

[уреди | уреди извор]

Во поткровјето сместена е архивата на граѓанско и кривично одделение.

Судската зграда располага и со подрумски простор во кој е сместена котларата на судот како и гаражата за судските возила.[2]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Закон за судовите“ (PDF). Министерство за правда на Македонија. Службен весник на Република Македонија. Посетено на 23 октомври 2016.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 „Општи податоци (надлежности и историјат)“. Основен суд Крушево. Архивирано од изворникот на 11 март 2022. Посетено на 11 март 2022.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

41°22′03″N 21°14′58″E / 41.36750° СГШ; 21.24944° ИГД / 41.36750; 21.24944