Асен Групче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Асен Групче (Софија, Бугарија, 27 октомври 1919 - Скопје, 20 јуни 2002) бил македонски правник, судија, публицист и научен работник[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Групче е роден на 27 октомври 1919 година во Софија, Бугарија. Основно и средно образование завршил во Охрид и Битола. Во 1938 година се запишал на правни студии во Белград, кои ги завршил во Софија во 1942 година. Групче бил активен учесник во Народноослободителното движење во време на Втората светска војна. Пред крајот на војната, во 1944 година бил секретар на Месниот комитет на КПМ и секретар на Народноослободителниот одбор во Охрид. Нешто подоцна учествувал во органите на Обласниот народноослободителен одбор во Крушево и во Битола. Групче во својот работен век бил на разни управни и правосудни должности, како: началник на одделение во Поверенството за правосудство на Македонија, секретар на Окружниот одбор во Охрид, член на Контролната комисија на Македонија, началник на Одделението за законодавство и народна власт при Владата на Македонија. 1947-1948 година - потпретседател на Врховниот суд на Македонија; 1952 год. претседател на Врховниот суд на Македонија; 1963 год. судија во Уставниот суд на Југославија; 1971г. член а потоа претседател на Уставниот суд на Македонија. Што се однесува на неговиот наставно - научен развој, во 1949 и 1950 година е на постдипломски студии на Институтот за општествени науки во Белград, каде што, главно се посветува на политичко економските студии, магистрирајќи по економски науки на почетокот на 1951 година. По враќањето од постдипломските студии, проф. д-р Групче бил наставник по политичка економија на новоформираниот Правно-економски факултет во Скопје. а потоа ја презел должноста наставник по граѓанско право, определувајќи се за облигацнионото право како дел од таа правна гранка. По завршувањето на мандатот во Уставниот суд на Југославија во 1971 година и враќањето во Македонија, проф. Групче повторно се вратил на Правниот факултет како наставник, преземајќи други два дела од граѓанското право, и тоа општиот дел и стварното право. Починал во Скопје на 20 јуни 2002 година[2].

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Грaѓaнско (имотно) прaво - I дел, Општ дел, учебник, Скопје, 1976, 1983.
  • Грaѓaнско (имотно) прaво - II дел; (Ствaрно прaво), учебник, Скопје, 1976 и 1985.
  • Службеностите во современото југословенско прaво, Скопје, 1972.
  • Земјиштa и води во општественa сопственост кaко предмет нa прaвото нa користење, Скопје, 1973.
  • Десет години нa устaвното судство во Социјaлистичкa Југослaвијa, 1974.
  • Поглед кон новите промени нa подрaчјето нa имотното прaво нa Републикa Мaкедонијa, Скопје, 1995.
  • Некои aктуелни теориски aспекти нa сопственостa кaко прaвнa кaтегоријa, Скопје, 1996/98.
  • Културниот живот и творештво во Охрид и Охридско во 20 век, Скопје, 1998
  • Педесет години рaзвој и промени во системот нa сопственосните облици во Мaкедонијa (устaвни концепции и зaконски рaзрaботки), Скопје, 1998.
  • Зa некои aктуелни aспекти нa сопственостa врз земјоделското земјиште, Скопје, 2000.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ЗБОРНИК ВО ЧЕСТ НА АСЕН ГРУПЧЕ : Скопје, Правен Факултет, 2001
  2. Завчера во Скопје Почина проф. д-р Асен Групче“, Утрински Весник (посет. 23 јануари 2011 г). (на македонски)