Сали Мурати
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Сали Мурати е роден на 11 октомври 1966 во с.Врапчиште, Гостивар. По националност е припадник на турската заедница во Република Македонија. Дипломирал на Правниот факултет при Белградскиот Универзитет во Белград во 1991 година, а правосудниот испит го положил во 2005 година. Од 1993 до 2005 година работел во Бирото за правни и економски услуги - Гостивар како дипломиран правник.Од 2005-2012 година работел како адвокат во Гостивар.Од 2012 бил избран за судија на Уставен Суд на Република Македонија.
Од дипломирањето до сега активно се занимавал со правната проблематика од областа на уставното право, правата на заедниците, слобода на мисла и вероисповед и меѓународно приватно право. Има објавено многубројни статии од правна проблематика во разни весници во државата и надвор од неа. Учествувал во над 15 меѓународни конференции со правна содржина во разни земји во странство. Особено работел на проблемите на немнозинските заедници во Р Македонија. Во тој контекст има објавено бројни статии и учествувал на бројни програми на МТВ-2 и на македонското радио со правна тематика и актуелните правни проблеми во земјата. Во тој контекст во 2006 година бил добитник на престижната медиска награда, личност на година, “КУТЛУК ВЕЛИ“ и во 2007 година од Здружението АДЕКСАМ Гостивар за досегашна работа и придонес во правната област во РМ добитник бил на награда за особен придонес на интеграција и развој на правата на Турците во Р Македонија.
Дел од објавени статии се: - Придобивките на уставните промени, 2001 - Улогата во општеството на ОМБУДСМАН - народниот правобранител, 2003 - Улогата и значењето на Меѓународниот суд за човекови права во заштитата на основните слободи и права, 2002 - Правната состојба во Република Македонија пред и по Охридскиот рамковен договор и местото на Турците, 2001 - Правата и местото на помалите заедниците по 10 години од усвојувањето на рамковниот договор, 2011 г.
Од 1997 година активно работи во Невладини Организации во РМ. Во 2001 година во организација на ОБСЕ и други невладини организации од земјата учествувал како предавач на повеќе Конференции за придобивките на Охридскиот Рамковен договор. Во својство на генерален секретар на Сојузот на Турските Невладини Организации во Македонија - МАТУСИТЕБ во 5 мандати активно соработувал со ОБСЕ, Хелсиншкиот комитет, МЦМС и др. владини и невладини организации и преку истите бил иницијатор и подносител на многубројни амандмани на разни закони меѓу кои: Законот за пратеници на РМ, Законот за територијална поделба, Закон за пописот на населението, домаќинствата и становите и др. закони.На пописот на населението, домаќинствата и становите 2011 година, бил член на Државната Пописна Комисија-ДПК.
|