Законитост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Законитоста е согласност на сите правни и материјални акти пониски од законот со законот во формална смисла.Закноитоста односно начелото нба законитост на законите во правниот поредок обезбедува сите делови на правниот поредок да бидат во единствена и противречна целина како услов на неговото ефикасно остварување.Пониските елементи на правниот поредок мораат да бидат во согласност со повисоките.Дали ке постои складно делување или не на правниот поредок зависи од тоа дали се нарушува или не онаа складна вертикална скала на која секој правен акт има свое место.Местото на правниот акт на оваа скала зависи од правната сила на правниот акт.Правната сила на правниот акт е мерка на влијание на еден правен акт, на друг правен акт, мерка која одредува кој е понизсок, а кој повисок правен акт.Правната сила на правните акти доаѓа односно зависи од тоа кој државен орган го донел аактот, односно местото на државниот орган на хиерархијата на државните органи.Поточно местото на државниот орган во нивната хиерархја го одредува и местото на правниот акт во хиерархијата на правните акти.Како што ни е познато на чело на хиерархиската скала на правните акти е уставот, а на крајот решението и пресудата како поединечни правни акти.