Разговор:Зоран Заев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Наводи наместо Референци, англизам.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 12:26, 2 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.

НГТ[уреди извор]

Слабо пристрасна статијава, м? Има фотографија од Зоран Заев со ѓаволски рогови? --FlavrSavr (разговор) 11:14, 25 октомври 2015 (CET)

Статијата е ажурирана за да ги вклучува последните промени како и да се намали нејзината пристрасност. Не знам каков е статусот на другите статии меѓутоа да се користи Курир како извор е крајно несериозно. Имам забелешки и за други извори, меѓутоа во конкретната статија изворот од Курир беше екстремно несреќно избран. --Ivica83 (разговор) 01:32, 2 јуни 2016 (CET)

@Ivica83: Ти благодарам за вложениот напор за средување на статијата. Ќе може ли само да ми објасниш по кои критериуми користењето на Курир како извор е „крајно несериозно“? Во рангирањето на Alexa Internet на најпосетувани страници во Македонија, Курир се наоѓа на 7. место и со тоа е еден од најпосетуваните медиумски портали (Извор), што укажува на тоа дека станува збор за сериозен медиум. Повикувањето на воздржување од употреба на одредени медиуми без изнесување на конкретни аргументи претставува еден вид на цензура и истото не е во духот на Википедија.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:37, 2 јуни 2016 (CEST)
Уредувањето го вратив зошто нема врска со реалноста. Да се бришат едни факти, а да се додаваат мислења на партиски штабови и притоа да се цитира Фокус е дно дна. Вратено е на верзијата каде што стои дека се товари за преврат (официјално и дело за кое се води постапка), а се брише статија на фокус каде они сами си констатираат кривица на екс премиер, а за која нема доказ и нема никаква судска постапка.--Р ашоAero-stub img.svg 20:42, 2 јуни 2016 (CEST)
Рашо - покажи што имам избришано од претходното и покажи ми зошто тоа што јас го додадов не треба да стои? Не е факт ништо од тоа што го напишав? Каков партиски штаб кога станува збор за официјални пресови покриени од сите медиуми, а добар дел од изложеното заврши во извештајот на Прибе кој беше прифатен на владино ниво? Да не збориме тоа дека со твоето враќање на верзијата го замрзнуваш случајот како да е април 2015. Во меѓувреме, имаше и обвинение, и СЈО и аболиција. Ништо од тоа не е факт? Второ: не е проблем, ќе го сменам изворот на Фокус, го искористив дека прв се појавува а истата вест ја има секаде, ама сфаќаш дека истовремено го оспоруваш аргументот на Кирил Симеоновски за Курир („дно дна“)? Кој медиум ти одговара? Што се однесува до Курир, Кирил, според твојот аргумент најчитаните таблоиди во светот се релевантни извори? Информациите во Курир не се ни потпишани, а се крајно шпекулативни одново и одново и заземаат точно една страна. Да се дополнам, ако го проверите линкот, статијата не ни постои веќе, ама постојат другите што се повикуваат на Курир. Еве, линкајте ги нив. Очекуван објаснување пак зошто цела верзија е вратена, а не уредено евентуално тоа што го корегирав што не е точно (на пример, Курир). --Ivica83 (разговор) 12:22, 3 јуни 2016 (CEST)
Ја вратив на статијата на ревизијата на Ivica83, со додавање на линкот од Курир. Сметам дека и Курир и Република може да се искористат како релевантни извори, особено за факти кои никој не ги спори, а ако ги спори, тогаш може да стои „според Курир“ и сл. формулации. Останатите условно проопозициски медиуми исто се релевантни, на пр. Фокус е можеби најстар политички неделник во земјава, ПлусИнфо е многу посетен, како и A10n и останатите. Ако кај нив има нешто што е спорно секогаш може да се каже „според Фокус“. Вакви се формулациите за постигнување на НГТ. Мое мислење дека највеќе треба да се ослонуваме на неутрални странски извори со голем кредибилитет, како да речеме Дојче Веле, Радио Слободна Европа итн. --FlavrSavr (разговор) 13:43, 3 јуни 2016 (CEST)
Всушност го избришав линкот од Курир, дури сега забележувам дека всушност е мртва врска (dead link). --FlavrSavr (разговор) 14:05, 3 јуни 2016 (CEST)
Да нема лутиш, може да се стави линк од Телеграф, со тоа што Телеграф се повикува на непостоечката статија на Курир. Неоспорно е дека видеото кое е предмет на статијата постои. --Ivica83 (разговор) 14:10, 3 јуни 2016 (CEST)
@Ivica83: Согласно страницата на којашто има основни информации за медиумот Курир, станува збор за новинарска агенција којашто постои од 2008 година (Извор), при што никаде не се споменува дека се работи за некаков таблоид; освен тоа, содржините објавени од страна на медиумот мене ми изгледаат на новинарски статии. Според тоа, мојот заклучок е дека нема ништо спорно во тоа медиумот Курир да се користи како извор на Википедија на македонски јазик. Кога сме веќе кај читаноста, се разбира дека тоа е важен критериум кој го издвојува медиумот од останатите. Новинарска агенција може да отвори било кој и да објавува содржини, но истата нема уште од самиот почеток да претставува еднакво значаен извор како постоечките медиуми, а читаноста е еден од главните показатели кои укажуваат на тоа.
Во конкретниот случај, доколку надворешната врска е мртва и не води никаде, потребно е да се провери дали таква страница постои и да се поправи врската; во случај да не постои, тогаш треба да се премине на наоѓање други извори со кои ќе се потврди фактот. Сепак, постоењето на мртви врски и повлекувањето на објавени новинарски статии е вообичаена работа и сметам дека истата не треба да се користи индуктивно за да се дојде до заклучокот дека употребата на медиумот е „крајно несериозно“.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:33, 3 јуни 2016 (CEST)
@Kiril Simeonovski: Се сложив со изнесеното на FlavrSavr за тоа како треба да се постапува во поглед на Википедија статиите. Инаку, во поглед на специфичната статија ја направив проверката. Како што кажав погоре, статијата на Курир на која се повикуваат сите други статии - не постои. Освен тоа, линкот од Курир не се ни однесува воопшто на текстот кон кој е даден, туку води до целосно друга статија. Тој линк е заменет со линк од Радио Слободна Европа која ја ажурира ситуацита од „под истрага“ на „обвинение“ така да како и да свртиш новиот линк е посоодветен. Во поглед на квалитетот на Курир и тежината што може да се даде на нивното известување е друга приказна. Да не ја должам приказнава и разговорот за статијава да се продолжи во разговор за Курир, би се држел до НГТ во иднина и секој пат кога би имало извор од Курир јас би барал поквалитетен извор како верификација. --Ivica83 (разговор) 15:18, 3 јуни 2016 (CEST)
@Ivica83: Гледам дека FlavrSavr ти одговорил додека јас го пишував мојот коментар. Се согласувам со неговото мислење само во случај кога повеќе медиуми објавуваат во јавноста „идентични факти“; во случај кога два медиуми објавуваат „различни факти“, мислам дека е безвредно да вршиме рангирање на медиумите по квалитет и да ги цензурираме информациите од „помалку квалитетните“ медиуми доколку истите се значајни. Ваквиот начин на работа не е ништо ново и веќе одамна постои на Википедија. Така, фактите во статиите обично се поткрепуваат само со неколку извори, иако нивниот број може да биде десетици или неколку стотоци; во случај кога некои факти се обајвени на различен начин, сите тие се додаваат во статиите со соодветните извори.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:44, 3 јуни 2016 (CEST)
До тука се сложувам, треба да се додаваат различни гледишта и извори, со мала напомена, не сите извори се подеднакво веродостојни (види: Википедија:Доверливи извори). Официјален извештај на меѓународна организација има поголемо 'тежиште' од било која новинска агенција, а новински агенции со силно реноме се побитен извор за Википедија - секако дека Дојче Веле е подобар извор од Доказ.мк. --FlavrSavr (разговор) 16:39, 3 јуни 2016 (CEST)

Дечки, статијава на човек му е мака да ја чита. СДСМ беше линкувано 17 пати, има бајаги кратенки (ОО, ЦО-ги поправив), референците не се форматирани нити имаат врска до текстот, не знам зошто има наводи во воведот кога воведот треба да е резиме на костурот на статијата, итн. Мој коментар дали Курир и Република треба да се користат-апсолутно не, непотпишани текстови во кои не се разликува што е информација а што пропаганда не треба да се во статијава.--Вик Ретлхед (разговор) 22:59, 19 јуни 2016 (CEST)

Српски[уреди извор]

Течно зборува српски? Стварно?--Никола Стоіаноски 23:17, 23 декември 2017 (CET)

Да бе :) еве ти пример
Оф јес. Зборува сербиан вери течно.--Никола Стоіаноски 23:20, 23 декември 2017 (CET)
Ама зборува и бугарски[1] и други јужнословенски јазици (се подразбира затоа што јазиците се блиски и лесно разбирливи помеѓу себе), затоа напишав „и јужнословенски јазици“. Идеологист (разговор) 23:27, 23 декември 2017 (CET)

А шу прајме со англискиот?--РашоAero-stub img.svg 23:26, 23 декември 2017 (CET)

Знаеме сите колку знае да зборува српски и англиски. Него муабетот ми је бил дека тоа не е напишано (о језицима) во наведениот извор :) .--Никола Стоіаноски 23:28, 23 декември 2017 (CET)
  1. [1]