Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија
| Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија | |
|---|---|
Премиерот Зоран Заев со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, на потпишувањето на Договорот за пријателство | |
| Потпишан | 1 август 2017 |
| Место | Скопје Македонија |
| Преговарачи | Зоран Заев Бојко Борисов |
| Странки | |
| Јазици | македонски јазик бугарски јазик |
Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија (бугарски: Договор за приятелство, добросъседство и сътрудничество между Република България и Република Македония) — договор помеѓу Република Бугарија и Република Македонија потпишан на 1 август 2017 година помеѓу премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев во Скопје.[1]
Потпишување и ратификација
[уреди | уреди извор]Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година во Скопје од премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов. Тој беше ратификуван од Собранието на Република Македонија на 15 јануари 2018 година и од Народното собрание на Бугарија на 18 јануари 2018 година. Влезе во сила на 14 февруари 2018 година по размената на ратификациските инструменти од министрите за надворешни работи. Потпишувањето беше поздравено од ЕУ и САД како чекор кон регионална стабилност.
Имплементација
[уреди | уреди извор]По ратификацијата, во 2018 година беше формирана заедничка комисија за историски и образовни прашања, но напредокот беше минимален во првата година. На 17 јули 2022 година, министрите за надворешни работи Бујар Османи и Теодора Генчовска потпишаа втор протокол за имплементација на член 12, што стана услов за Бугарија да ја одобри преговарачката рамка за ЕУ.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Договорот со Бугарија на македонски и на бугарски јазик ќе го потпишат премиерите Заев и Борисов денес во Владата“. Сакам Да Кажам. 1 август 2017. Посетено на 17 ноември 2017.