Специјално јавно обвинителство
Специјално јавно обвинителство | |
---|---|
Лого на СЈО | |
Податоци за органот | |
Основан | 15 септември 2015 г. |
Укинат | 30 јуни 2020 |
Седиште | Ул. „Франклин Рузвелт“ бр.34, 1000 Скопје 42°00′04.0″N 21°24′49.6″E / 42.001111° СГШ; 21.413778° ИГД |
Раководител | ///// |
Мрежно место | |
jonsk.mk |
Специјално јавно обвинителство (скратено: СЈО) — јавно обвинителство за гонење на кривични дела кои се поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, обелоденето од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Историја
[уреди | уреди извор]Специјалното јавно обвинителство произлегува од пржинскиот договор, договор потпишан помеѓу водачите на четирите најголеми политички партии за разрешување на политичката криза во Македонија. СЈО е формирано со Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. На функцијата Специјален јавен обвинител, Советот на јавните обвинители на 15 септември 2015 година ја избрал Катица Јанева.[1][2]
По предлог на Катица Јанева на 14 октомври 2015 година, од страна на Советот на јавни обвинители биле избрани јавните обвинители Елизабета Јосифоска, Фатиме Фетаи, Стевчо Дончев, Бурим Ристеми, Љубомир Лапе, Марија Горгева, Лејла Кадриу како јавни обвинители кои му помагаат на Јавниот обвинител кој раководи со Специјалното јавно обвинителство.[1]
На 4 ноември 2015 година, по повторен предлог на Јавниот обвинител кој раководи со СЈО, од страна на Советот на јавни обвинители биле избрани јавните обвинители Гаврил Бубевски, Ленче Ристовска, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Лиле Стефанова.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 ЗА НАС
- ↑ „Катица Јанева избрана за специјален јавен обвинител“. Архивирано од изворникот на 2015-10-12. Посетено на 2016-10-20.