Кривично дело

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Судница во Европскиот суд за човекови права

Кривично дело во правната јурисдикција е граѓанско зло. Јурисдикцијата на кривичното дело се занимава со ситуации каде човечкото однесување неправедно предизвикало некој да претрпи загуба или повреда. Кривичното дело немора да биде секогаш илегален акт но предизвикува болка и затоа правото дозволува секој што е повреден да си ја наплати загубата. Јурисдикцијата на кривичното дело се разликува од кривичното право, кое се занимава со ситуации каде дејствата на еден човек предизвикуваат повреда општо на општеството. Тужбено барање во кривичното дело може да биде поднесено од некој кој претрпел загуба. Кривичните случаи обично се поднесени од државата, иако приватни тужби се можни.

Кривичното дело исто така се разликува од правичноста, во која поднесувачот се жали на прекршување на некое право. Некој што направил акт на кривично дело се нарекува деликвент. Еквивалентот на кривично дело во јурисдикцијата на граѓанското право е деликт. Кривичното дело може да се дефинира и како лична повреда; или како “граѓанска акција, освен прекршок на договор”.

Човекот кој претрпел повреда преку кривично дело е задолжен да прими “oштета”, обично парична компензација, од човекот или луѓето одговорни – или задолжени – за повредите. Правото во областа на кривичното дело определува што е легална повреда и, оттаму, дали човекот може да се смета одговорен за повредата што ја предизвикал. Правната повреда не е ограничена на физичка поврда. Тие може исто така да вклучуват емоционална, економска или повреда на репутацијата како и нарушување на приватноста, имотот или уставните права. Оттаму кривичното дело содржи такви различни области како сообраќајни несреќи, неправедно затворање, клевета, производна одговорност ( за неисправни потрошувачки производи), кршење на авторските права и меѓудругото загадување на животната средина ( отровни кривични дела).

Во поголем дел од светот на непишаното право, најеминентната кривична одговорност е невниманието. Ако повредената страна може да докаже дека човечкот за кој се верува дека извршил повреда дејствувал невнимателно – што значи, без разумно дејствување да избегне да ги повреди другите – јурисдикцијата на кривично дело ќе дозволи компензација. Сепак, јурисдикцијата на кривично дело исто така признава меѓународни кривични дела, каде човекот намерно дејствувал на начин што го повредува другиот, и “јасна одговорност” или quasi tort која дозволува надомест под одредени околности без потребата од докажување на невниманието.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Според Вебстер, потеклото на зборот е од Средновековен Англиски, повреда е од Англо-Француски, од Средновековен латински е tortum, од Латински, среден род од tortus – расипан,крив, од минато време на torquere. Првата употреба на терминот е од 1586 година. Категории на кривични дела Кривичните дела може да бидат поделени на неколку начини. Еден таков начин на поделба е оној на: небрежност, намерни кривични дела и quasi – кривични дела. Стандардното дејство во кривичното дело е небрежноста. Кривичното дело од небрежност обезбедува последица на дејство кое води до оштета, или олеснување, во секој случај создаден за да ги штети законските права, вклучувајќи ги оние на лична безбедност, имот и во некои случаи недопирливи економски интереси. Невнимателните дејства вклучуваат барања кои доаѓаат примарно од сообраќајни несреќи и несреќи на лична повреда од различни видови, вклучувајќи медицинска небрежност, работна небрежност итн. Случаите на производна одговорност, како оние кои вклучуваат гаранции, исто така можат да се сметаат како небрежни дејствија но постои често значајно прикривање на додатна законска содржина.

Намерни кривични дела вклучуваат меѓу другото, одредени кривични дела кои се создаваат од окупирање или користење на земја. Кривичното дело на невоља, на пример, вклучува јасна одговорност за соседот кој се меша со радоста на другиот на неговиот имот. Бесправното влегување на туѓ имот дозволува сопственикот да тужи за влез од страна на човек ( на неговата структура, како надвисната зграда) на неговата земја. Неколку намерни кривични дела не вклучуваат земја. Примерите вклучуваат неправедно затворање, кривично дело на незаконско апсење или притворање на некој, и клевета ( во некои јурисдикции се делат на писмена и усна клевета ) каде неточна информација е презентирана и ја оштетува репутацијата на обвинителот. Во некои случаи развојот на правото на кривично дело ги охрабри правниците да создаваат алтернативни решенија во споровите. На пример, во некои области, законите за компензација на работниците се издигнаа како законски одговор на судските пресуди ограничувајќи го опсегот до кој работниците можат да ги тужат своите работодавци во однос на повредите претрпени за време на работењето. Во други случаи,правнато објаснување довело до развој на нови случаи на дејства надвор од традиционалното непишани кривични дела. Овие се слободно групирани во quasi-кривични дела или кривични дела на одговорност.

Небрежност[уреди | уреди извор]

Небрежноста е кривично дело кое зависи на постоењето на кршење на должноста направена од еден човек кон друг. Еден многу познат случај е Доногхју против Стивенсон, каде г-ѓа Доногхју испила дел од пијалок кој содржел разложен полжав, додека била во бар во Пејсли, Шкотска и поднела тужба дека пијалокот ја разболел. Полжавот не бил видлив, како што и шишето со пиво во кое се содржел било непроѕирно. Ни пријателот кој го купил шишето за неа, нити пак продавачот не биде свесни за постоењето на полжавот. Производителот бил г-дин Стивенсон, кој г-ѓа Доногхју го тужела за штета поради небрежност. Таа неможела да го тужи г-дин Стивенсон за штета поради прекршување на договор бидејќи не постоел договор меѓу нив. Најголемиот број од членовите на Горниот Дом се согласиле ( 3:2) дека г-ѓа Донагхју има валидно барање, но не се согласиле зошто таква тужба треба да постои. Лорд Мекмилан сметал дека ова треба да се третира како нов случај на производствена одговорност. Лорд Аткин сметал дека законот треба да препознае единствен принцип каде ние им должиме одговорност на разумна грижа на нашите соседи. Тој ја цитирал Библијата како поддршка на својот аргумент, конкретно општиот принцип дека “љуби го ближниот”. Небрежноста е прекршок на правна одговорност да се преземе грижа која резултира со штета на обвинителот. Оваа дефиниција на небрежност може да се подели во 4 дела што обвинителот мора да ги докаже за да утврди небрежност. Правната тежина на обезбедување на овие елементи му припаѓа на обвинителот. Елементите за утврдување на небрежност се:

  • На обвинителот му се должи должност за грижа
  • Постои запоставеност или прекршок на таа одговорност
  • Деликвентот директно предизвикал повреда ( но за дејствијата на обвинителот, обвинетиот претрпел повреда)
  • Обвинителот претрпел штета како резултат на тоа прекршување
  • Штетата не била премногу далечна, постои непосредна последица.

Должност за грижа[уреди | уреди извор]

Првиот елемент на небрежноста е правна должност за грижа. Ова се однесува на врската меѓу обвинетиот и обвинителот, која мора да биде таква за да постои обврска кај обвинетиот да преземе соодветна грижа за да избегне предизвикување на повреда на обвинителот во сите околности на случајот. Постојат 2 начини во кои должноста за грижа може да биде воспоставена:

  • Обвиетиот и обвинителот се во “посебна врска”; или
  • Надвор од овие врски, според принципите развиени според обичајното право.

Постојат бројни ситуации во кои судот го препознава постоењето на должност за грижа. Овие обично се јавуваат како резултат на некои видови на посебни врски меѓу страните. Примерите вклучуваат еден корисник на пат до друг, работодавец до работник, производител до потрошувач, доктор до пациент и адвокат до клиент.

Запоставенот или прекршок на таа должност[уреди | уреди извор]

Запоставеност на должност општо се однесува на неуспехот да се задоволат правилата на нечија работа, што ќе варира во зависност од вклучените задачи. Тоа е неуспех или одбивање да се извршат доделените должности на задоволувачки начин. Запоставеност на должност на дел од вработениот може да биде причина за дисциплинарна акција, која ќе биде во завиност од работодавецот. Тоа може да се однесува како науспех на член на организацијата да се покорува на административните правила на неговиот устав или подзаконски акти или извршување на должностите соодветни за функцијата за која е назначен.

Повреда директно предизвикана од деликвентот[уреди | уреди извор]

Небрежниот акт на деликвентот мора да биде поврзан со претрпените повреди.

Штета како резултат на тоа прекршување

Непосредна последица

Статутни кривични дела[уреди | уреди извор]

Статутното кривично дело е како секое други, во кое наметнува должности на приватни или државни страни, сепак тие се создадени од законодавната власт, а не од судовите. Еден пример за заштита на потрошувачот, со Директивата за производна одговорност во ЕУ, каде бизнисите прават неисправни производи што ги повредуваат луѓето мора да платат за било која предизвикана штета. Одговорноста за лош или производ што не работи е јасна во најголемиот дел на јурисдикции. Теоријата на ширење на ризик обезбедува подршка за овој пристап. Откако производителите се “најефтините избегнувачи на трошок”, бидејќи имаат големи шанси да избегнат проблеми, има смисла фактот да им се даде мотив да се штитат од неисправни производи. Друг пример е одговорноста на корисникот, на кој се гледа како целосни комплексен и нелогечен, така што многу јурисдикции ги заменија правилата на обичајното право за одговорност на корисникот со статутни кривични дела. Статутните кривични дела исто така се шират низ здравствените и безбедносните закони на работното место и здравјето и безбедноста во производството на храна. Таквите кривични дела обично се групирани во со quasi – кривични дела.

Невоља[уреди | уреди извор]

Правно, поимот “невоља” традиционлано се употребува на три начини: (1) да ги објасни дејствијата или условите што се штетни или ги нервираат другите ( пример – предизвикување на инцидент, куп ѓубре или задимен оџак); (2) да ја опише штетата предизвикана од претходо-споменати активности или услови ( пример – гласна врева или неблагопријатна арома); и (3) да опишат правна одговорност што се добива со комбинација од двете. Законот за невоља бил создаден за да спречи такви досадни активности или однесувања кога тие безпричински ги попречуваат правата на други приватни сопственици ( пример – приватна невоља) или правата на широката јавност ( пример јавна невоља). Кривичното дело невоља дозволува барателот ( формално обвинителот) да тужи за најголем број дејства што се мешаат со нивната употреба и уживање на нивната земја. Добар пример за ова е случајот на Џонс против Пауел. Една пиварница предизвикала смрлива пареа која навлегла на имотот на комшијата, оштетувајќи ги неговите хартии. Бидејќи тој бил земјопоседник, комшијата тужел за невоља за оваа штета. Но, Вајлок Џ, зборувајќи за Судот на Кралската Клупа, рекол дека доводот на вода бил загаден, тоа било поважно отколку тоа што документите на комшијата биле ризикувани. Тој рекол: “подобро е што тие треба да бидат уништени отколку заедничкото добро да пати во потреба на добар пијалок”. Денес, плеткањето со имотот на комшијата не изгледа толку љубезно. Невољата се справува со сите видови на работи што би предизвикале неприлики додека земјопоседникот ужива во својата земја. Заменик за невоља познат како одлуката во Риландс против Флечер, каде брана упадна во сноп од јагленокот. Значи, опасно бегање од некоја опасност, вклучувајќи вода, оган или животни означува јасна одговорност во невоља. Ова беше случај каде хемикалиите од фабриката протекоа низ подот во водената маса, загадувајќи ги водните резервоари на источна Англиа. Слободните пазарни еколози би сакале да го прошират кривичнител дела на барања на штета до загадување ( пример – кривични дела на загадување) и еколошка заштита.

Клевета[уреди | уреди извор]

Клеветата е валкање на нечија репутација; има два вида: усна и писмена клевета. Усна клевета е изречена клевета и писмена клевета е испечатена или емитувана клевета. Сепак, двете ги делат истите црти: прават вистинско тврдење за кое не постои доказ. Клеветата не влијае или не го спречува гласното изразување на мислења, но ги окупира истите области како правата на слобода на говорот во првиот амандман на Уставот на САД, или член 10 од Европската конвенција за човекови права. Во однос на клеветата, во САД се дејствија за проневерување на јавност, нарушување на приватноста и обелоденување. Злоупотребата на процесот и злонамерно обвинување често се класифицирани како кривични дела за непочитување.

Намерни кривични дела[уреди | уреди извор]

Намерните кривични дела се акти со умисла што се разумно изведени да предизвикаат повреда на индивидуата. Намерните кривични дела имаат неколку подкатегории, вклучувајќи кривични дела против човекот, вклучувајќи напад, телесна повреда, неправедно затворање, намерно нанесување болка или емоционален стрес и измама. Имотните кривични дела вклучуваат некои намерни попречувања со имотните права на барателот ( тужителот). Тие често признани вклучуваат бесправно влегување на туѓа земја, бесправно влегување на имот ( лична сопственост) и преобразување.

Економски кривични дела[уреди | уреди извор]

Економските кривични дела ги штитат луѓето од попречување со нивната трговија или бизнис. Областа вклучува доктрина на спречување на трговија која во голема мера беше преплавена во XX век од статутни интервенции на колективното работно право и модерните закони против монопол на цени.Често било коментирано отсуството на некои обединети принципи кои ги повлекуваат заедно различните делови на економската одговорност на кривичното дело.

Низ неодамнешните развои на обичајното право, започнувајќи со Хедли Бурн против Хелер во 1964, жртва не небрежно погрешно прикажување може да надомести штети за јасна економска загуба предизвикана од погрешно потпирање на исказот. Погрешно прикажување е кривично дело како што е потврдено во Бриџ Љ. во Ховард Марин и Дреадинг Ко. Лтд. против А. Одген & Синовите. Соременото конкурентско право е важен метод во регулирањето на управувањето со бизнисите во пазарната економија. Голем заменик на статутните кривични дела, исто така наречен “закон против монопол”, особено во САД, член 101 и 102 од Договорот за работење на ЕУ, како и актите Клејтон и Шерман во САД, кои создадоа должност за превземачите, корпорациите и бизнисите да не ја искривуваат конкурентноста на пазарот. Картелите се забранети на двете страни на Атлантскиот Океан. Така и злоупотреба на пазарната моќ од монополите ( единствени производители на пазарот) или на суштинските намалувања на конкурентноста низ здружување, превземање, аквизиција или концентрација на претпријатија. Голем проблем во ЕУ е дали ќе го следат пристапот на САД за приватни штети да преземат акции да го спречат анти-конкурентската политика.

Одговорност,одбрана и лек

Индиректна одговорност[уреди | уреди извор]

Зборот “индиректна” е изведен од латинскиот збор за “промена” или “изменување” или “место” и во кривичното дело се однесува на идејата, еден човек да биде одговорен за повреда предизвикана од друг, како последица на некоја правно релевантна врска. Пример може да биде родител и дете, или работодавец и работник. Може да го тужите работодавецот за штета на вас од страна на нивниот работник, која била предизвикана “во делокругот на работата”. Ова е изведено од латински и во превод значи “шефот е одговорен за постапките на своите вработени”. На пример, ако продавач истури течност за чистење на подот, и вие се сопнете и паднете, претрпувајќи повреди, може да го тужите вработениот кои всушност ја истурил течноста, или да го тужите работодавецот. Во гореспоменатиот случај , втората опција е попрактична бидејќи е поверојатно тие да имаат повеќе пари. Законот вели вака “откако вашиот работник го повреди барателот за време на неговото вработување, вие имате одговорност за тоа, затоашто вие имате контрола да го вработите и отпуштите, и да го намалите ризикот од тоа повторно да се случи.” Постои голема академска дебата околу тоа дали индиректната одговорност е оправдана или нема оправдана основа да се бара обвинет, или дали е добро формирана на теоријата за алокација на ефикасен ризик.

Одбрани[уреди | уреди извор]

Успешна одбрана го ослободува обвинетиот од целосна или делумна одговорност за штета. На страна од доказот дека не постои прекршок на должноста, има три основни одбрани во одговорноста на кривичното дело.

Согласност[уреди | уреди извор]

Вообичаено, друг неможе да има друга одговорност за дејствија за кои еден е согласен. Ова е често сумирано во фразата “volenti non fit injuria” ( Латински: никаква повреда не е направена за човек што признава). Ова се случува кога тужителот јасно или индиректно се согласува со ризикот од загуба или штета. На пример. ако посетител на натпревар на хокеј на мраз е повреден кога играчот ја удира топката во вообичаена игра, предизвикувајќи да летне надвор од рингот и да го удри посетителот, тоа е предвидлив настан и посетителот се смета дека го прифатил ризикот од повреда со купување на билет. Незначајно поограничена одбрана може да се појави кога обвинетиот бил предупреден, независно дали тоа било направено со јавно известување, знак или на друг начин од страна на тужителот дека постои опасност од повреда. Опсегот до кој обвинетиот може да се ослони на известувањето и да ја исклучи или намали одговорноста варира од земја до земја. Ова е политичко прашање дали обвинетите треба не само да предупредуваат за познатата опасност туку и да преземат активни чекори да го заградат местото и да земат други разумни мерки за заштита за да ја спречат познатата несреќа од случување на оние кои се смета дека се изложени на ризик.

Соучесничка невоља[уреди | уреди извор]

Ова може да биде олеснителна одбрана или во САД се нарекува апсолутна одбрана. Кога користиме олеснителна одбрана во САД често е позната како споредбена небрежност. Под споредбена небрежност обвинителот/тужителот се намалени со процентот на придонес направен од обвинителот за претрпената загуба или штета. Сепак, во оценувањето на судирот меѓу двете возила, судот не смее само да установи дека двајцата возачи биле небрежни, туку исто така мора да го измери придонесот направен од секој возач изразен процентуално, така што вината меѓу возачите е 20% установена за тужителот , а 80% за обвинетиот. Судот тогаш ќе ги измери штетите за претрпената загуба или штета, и тогаш ќе ја намали сумата исплатена на тужителот за 20%. Додека соучесничката невоља задржува значителна улога, зголемен е бројот на јурисдикции, особено во САД, кои се развивааат во однос на режимот на соучесничка невоља. Сите, освен 4 земји на САД не го следат статутски создадениот режим на споредбена небрежност.

Соучесничката невоља е широко критикувана дека е премногу драконска, во однос на тоа дека тужителот лија вина е компаративно помала неможе ништо да надомести од далеку понеодговорниот обинет. Споредбената небрежност исто така е критикувана, откако дозволи обвинителот кој е необмислено 95% небрежен да надомести 5% од штетата од страна на обвинетиот, и често пати повеќе кога поротата се чуствува сочуствителна. Еконономистите понатаму ја критикуваа споредбената небрежност, откако под Learned Hand Rule не ги добиваат оптималните нивоа на претпазливост. Во одговор, многу места сега имаат 50% правило каде обвинителот не добива ништо ако обвинителот учевствува во вината со повеќе од 50%.

Незаконитост[уреди | уреди извор]

Од нечесна причина, не се создава дејство ( лат.Ex turpi causa non oritur actio) е незаконска одбрана. Ако тужителот е вклучен во нечесна работа во времето кога се случила небрежноста, ова може да се изземе или да ја намали одговорноста на обвинетиот. Сепак, ако крадец е вербално предизвикан од сопственикот на имотот и претрпил повреда кога скокнал од прозорот на вториот кат за да избегне да биде фатен, нема причина за дејство против сопственикот на имотот иако повредата немало да биде претрпена ако не била интервенцијата на сопственикот.

Лекови[уреди | уреди извор]

Главниот лек против загуба во кривично дело е компензација на “штета” или пари. Во ограничен број на случаи, правото што ги разгледува кривичните дела ќе толерира само-помош како разумна сила за да се избрка престаникот. Ова е одбрана против кривичното дело нанесување на телесна повреда. Понатаму, во случај на продолжување, или дури кога повредата е само закана, судот понекогаш ќе издаде судска забрана. Ова означува наредба, за нешто како спречување на повторувањето на закана или повреда. Обично судските забрани нема се издавање на позитивни моралности на деликвентите, но некои австралиски јурисдикции може да направат ред за одредена цел да се осигураат дека обвинетиот има законски задолженија, особено во однос на случаи на невоља.