Сашо Мијалков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сашо Мијалков
Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање
На должноста
29 август 2006 – 12 мај 2015
Претседател Ѓорѓе Иванов
Претходник Миле Зечевиќ
Наследник Љупчо Андоновски
Лични податоци
Роден(а) 15 септември 1965
Скопје
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Вероисповед Православен христијанин

Сашо Мијалков (Скопје, 15 септември 1965) — македонски политичар и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија.

Мијалков дипломирал на Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Економскиот факултет во 1998 година. Магистрирал во областа бизнис администрација. Дипломирал и магистрирал и на Економскиот факултет во Прага во 1994 година.

Во 1990 година станал член на ВМРО-ДПМНЕ.[1]

Во периодот од 1998 до 2000 година, работел во Министерството за одбрана на местото помошник-министер за одбрана и безбедносно разузнување.

Во периодот 2000 до 2001 година, бил советник за безбедносни прашања во Владата на Република Македонија. Од 29 август 2006 година е назначен за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на таа функција бил до 12 мај 2015 кога си поднел оставка.[2]

На 8 март 2019 година бил осуден на три години затвор предметот „Титаник 2“ на СЈО.

Сашо Мијалков е син на Јордан Мијалков, првиот министер за внатрешни работи на Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Братучед на Груевски стана директор на УБК“. Посетено на 2017-02-01.
  2. Директорот на УБК Сашо Мијалков поднесе оставка, А1он, 12 мај 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]