Ферид Мухиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ферид Мухиќ (босански: Ferid Muhić; Махоје, БиХ, 1943) — македонски универзитетски професор, филoзоф и публицист.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Мухиќ е професор по филозофија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, каде и ја започнал својата академска кариера како асистент на Институтот за социолошки истражувања во Скопје во 1970 година. На Катедрата за филозофија започнал како асистент во 1974, а вонреден професор бил од 1976 до 1980 година. Редовен професор е од 1980 година. Тој е почесен професор на Меѓународниот институт за исламска мисла и цивилизација од Куала Лумпур, Државниот универзитет на Флорида, Универзитетот Сиракуза во Њујорк, Сорбона 8 во Париз, Универзитетот на Југоисточна Европа и неколку универзитети во Југоисточна Европа. Главни професионални преокупации му се современа филозофија, културна антропологија, естетика, филозофија на политиката. Добитник е на Меѓународната награда Златен прстен за книжевен опус за 2009 година[2].

Библиографија[уреди | уреди извор]

Книги
  • Методи на критиката, 1977; Мисла;
  • Револуции и класни борби, 1978; Култура;
  • Филозофија на иконоклазмот, 1983, Босна и Херцеговина;
  • Мотивација и медитација, 1988; Македонска книга;
  • Штитот од злато, 1988; девет изданија до сега, преведени на македонски, англиски, француски, албански и турски, првото издание публикувано од Просвета, Југославија;
  • Ноуменологија на телото, 1994; Табернакул;
  • Soul's Rose, 1994;
  • Јазикот на филозофијата, 1995;
  • Македонија: Catena Mundi, Табернакул, 1995;
  • Разум и моќ, Битола, 1996;
  • Yugoslavia and After, Longman, UK;
  • Големата градба и други разговори со непознатиот, 2001; Блесок; ISBN 9989-59-006-0
  • Логос и хиерархија, Скопје, 2001.
  • Големата градба и други разговори со непознатиотв Архивирано на 27 јуни 2010 г., Блесок
  • Прамен волна Архивирано на 14 јуни 2010 г., Блсок, ISBN 9989-59-014-1
  • Потомци на Боговите,Скопје, 2006[3]
Поезија
  • Falco Peregrinus, 1988;
  • Стотина чекори нагоре, 1994;
  • Чадот од догорчето на сонот, 1996.
  • Врв, Бенгу, Анкара[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 168 - 169.
  2. Димитровска, Елена (5 април 2009). „Награда „Златен прстен" за ферид Мухиќ“. Форум. |access-date= бара |url= (help)
  3. Коцевска, Јана (31 март 2006). „Промоција на „Потомци на боговите" од Ферид Мухиќ“. А1. Посетено на 2010-01-27.
  4. „Во Анкара објавена стихозбирката „Врв" на Ферид Мухиќ“. IDIVIDI.com. 10 јуни. Посетено на 2010-01-27. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)