Деца на сонцето (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Деца на сонцето)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Деца на сонцето е македонски филм од 2014 година, во режија на Антонио Митриќески. Во главните улоги настапуваат: Ивана Павлаковиќ, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Билјана Танески, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Милица Стојанова итн. Директор на фотографијата е Јарек Шода, а продуцент е Дејан Милошевски.

Македонската премиера на филмот се одржала на 18 септември 2014 година во Битола, на последната вечер на Меѓународниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“. Светската премиера на филмот се одржала на 25 септември 2014 година, на меѓународниот фестивал „Реинденс“ во Лондон, каде што филмот се натпреварувал во официјалната конкуренција.[1] Во декември 2014 година, филмот бил прикажан на филмскиот фестивал „Фест“ во Белград.[2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македонска премиера на „Деца на сонцето“ на „Манаки“, Дневник, година XVIII, број 5570, петок, 19 септември 2014, стр. 23.
  2. „Деца на сонцето на „Фест“ во Белград“, Дневник, година XVIII, број 5638, среда, 10 декември 2014, стр. 20.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]