Преку езерото

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Преку езерото (филм))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Преку езерото“
Преку езерото.jpg
постер за англиското издание
РежисерАнтонио Митриќески
ПродуцентИгор Нола
Горјан Тозија
СценаристАнтонио Митриќески
Ташко Георгиевски
НастапуваатЕкрем Ахмети
Љупчо Бреслиски
Агњешка Вагнер
Никола Ристановски
МузикаЃорѓе Замфир
Љупчо Константинов
МонтажаМирослава Гарлицка
Малгоржата Орловска
Премиера1997
Времетраење83 мин [1]
102 мин [2][3]
ДржаваМакедонија Македонија
Полска Полска
ЈазикМакедонски
Албански

Преку езерото (полски: Poprzez jezioro) е македонски филм од 1997 година на режисерот Антонио Митриќески, по сценарио напишано од него во соработка со Ташко Георгиевски. Во главните улоги се јавуваат Екрем Ахмети, Љупчо Бреслиски, Агњешка Вагнер и Никола Ристановски. Филмот е инспириран од вистински настан [1] и е „своевидна драматуршка елаборација на претходно снимениот документарец на Митриќески - ‘Љубовта на Кочо Топенчаров’“.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот, кое опфаќа период од неколку децении, во главно, е сместено во Албанија, но почетокот и крајот на филмот се одвиваат во Охрид. Вистинитата приказна се плете околу ликот на младиот Константин Бочваров (Никола Ристановски), кој во 1948 година, ја сретнува Елена Златарева (Агњешка Вагнер), Македонка која живее во Корча, Албанија. Двајцата се вљубуваат, но истата година, границата меѓу Македонија и Албанија е затворена. Константин, не можејќи да живее без Елена, се решава да тргне со кајче преку езерото - одлука која ќе резултира со четири децении егзил во Албанија во времето кога таа е „голем бункер, затвор во кој никој не можеше да влезе, ниту да избега, години на лудило кога секој секому му беше непријател[1]. Тука, Константин на два пати завршува во логор. По излегувањето од него првиот пат, тој ја пронаоѓа Елена, но, покрај тоа што Константин добива работа во Тирана, а во меѓувреме им се раѓа и ќерка, „животот под постојан стрес и беда се рефлектира и во односите меѓу сопружниците[1]. Многу години подоцна, кога и по втор пат е пуштен од логор, Константин конечно се враќа во Корча да се види со Елена и веќе нивната израсната ќерка Донка. По безмалку половина век страдање, на крајот, Константин, Елена и Донка се враќаат во Македонија, во Охрид, родниот град на Константин.

Види исто[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Преку езерото“. Македонски информациски филмски центар. конс. 2008-09-15. 
  2. „Преку езерото“. Семрежна филмска база на податоци. конс. 2008-09-15. 
  3. „Poprzez jezioro (Преку езерото)“. Wikipedia : wolna encyklopedia. конс. 2008-09-15. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

[[]]